Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР постапува по пријавени настани поврзани со изборите

0
By Нова ТВ on July 15, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Министерството за внатрешни работи денеска од 11.00 до 12.00 часот   биле пријавени настани во врска со изборниот процес. Од МВР потенцираат дека се работи за добиени пријави по кои постапуваат, односно ја утврдуваат фактичката ситуација и откако ќе се утврдат фактите соодветно ќе информираат.

-Во Полициското одделение Шуто Оризари, Ф.А. околу 11:05 пријавил дека негов сосед на улица „Гарсија Лорка“ ги зема другите соседи со своето патничко возило и ги убедувал да гласаат за политичка партија во ОУ „26-ти Јули“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението од МВР.

Во Полициската станица Бит пазар, се наведува во соопштението, околу 11.12 часот од политичка партија било пријавено дека на гласачко место во ОУ „Никола Вапцаров“ на ул.„Дижонска“, околу 10 лица се движеле околу гласачкото место. Полициски службеници излегле на местото, но такви лица не биле затекнати.

– Од политичка партија од Кочани во Полициската станица Кочани било пријавено дека три лица вршат агитација врз гласачи на избирачките места бр.844 и бр.845 во Кочани. Се работи на расчистување на случајот. Од политичка партија во Кочани во Полициската станица Кочани било пријавено дека пред избирачките места бр.834 и бр.834/1 непознато лице со патничко возило вршело евиденција на лица кои се движат кон гласачките места. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во денешното соопштение од МВР.

Во 11 часот во Полициската станица Кочани, П.П. од Кочани пријавил неправилност при гласањето пред ОУ,,Раде Кратовче“ во Кочани, односно дека З.С. наводно делел пари. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– Од политичка партија во Кочани во Полициската станица Кочани било пријавено дека три лица со патничко возило во нас.Оризари носат организирано гласачи на гласање. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Од политичка партија во Кочани во Полициската станица Кочани било пријавено дека четири лица ги попречувале гласачите да го остварат своето право во нас.Оризари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Во 10.35 часот во Полициската станица Крива Паланка, дополнуваат од МВР, Н.Т. од Ранковце пријавил дека лице од Ранковце доаѓало до избирачко место број 0987 со повеке луѓе и агитира. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– Во 11.05 часот во Полициската станица Крива Паланка, М.Т.С. пријавила дека на ул.„8-ми Септември“ неколку лица ги фотографирале граѓаните кои влегуваат да гласаат на избирачко место во градинка ,,Детелинка”. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се појаснува во соопштението од МВР.

Во полициското одделение Ново Село, пак, било пријавено дека во дворот на училиштето во селото каде биле сместени избирачките места Т.Ќ. вршел агитирање. МВР соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Исто така, по преземени мерки во врска со претходно пријавени настани, кои веќе беа објавени од МВР, утврдено е дека во врска со настанот во кој Е.Е. од Битола пријави дека непознати лица и нуделе пари за гласање, биле преземени мерки и не биле потврдени наводите во пријавата.

– Во врска со настанот во кој Ф.Г. од Прилеп, пријавил дека пред ОУ „Климент Охридски“ во Прилеп група на граѓани вршеле агитирање, преземени се мерки и не се потврдени наводите во пријавата, стои во соопштението од МВР.

избори МВР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.