Published: Tuesday, February 18, 2014 16:48
За време на денешниот протест на Здружението на стечајни работници и технолошки вишок УНИТ поддржано од неколку невладини организации, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, во повеќе наврати бил нарушен јавниот ред и мир и тоа со обид за демолирање на заштитната метална ограда, како и туркање на кордонот полициски службеници.
Во соопштението се додава дека бил идентификуван и легитимиран еден од сторителите и против него, како и против организаторот на протестот ќе бидат поднесени соодветни пријави. Протестот, на кој учествуваа околу 600 стечајци, започна од пред зградата на Сојузот на Синдикати на Македонија, а потоа учесниците на простестот продолжија кон зградата на Владата.




