Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР: Приведени 18 лица за изборни нерегуларности

0
By Нова ТВ on December 11, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

МВР вечерва ги соопшти сите мерки што ги презеле и што ги преземаат во врска со пријавени и регистрирани  настани и неправилности  како и нерегуларности во текот на гласањето.

Во  СВР Скопје поднесени се две кривични пријави за сторени две кривични дела  „уништување на изборни исправи“ против две лица од Скопје.

Покрај ова обезбедени се материјални докази и во тек е документирање на пет кривично правни настани на подрачје на СВР Струмица (Валандово и Струмица), СВР Велес (Кавадарци), СВР Куманово и СВР Битола. Се однесува на основано сомневање за кривични дела „повреда на тајност на гласање“, „повреда на слободата на определување на избирачите“, „спречување на избори и гласање“, „уништување на изборни исправи“, „насилство“ и „оштетување туѓи предмети“.

По однос на констатираните прекршоци на подрачјето на СВР Скопје издадени се два прекршочни платни налози за управување возило без возачка дозвола“ на двајца малолетници.

Констатирани се и два прекршока -„омаловажување на службено лице“ и и еден „карање, викање и непристојно однесување “по ЗППЈРМ (на подрачје на Кичево, Крушево и Велес), како и осум  прекршоци „користење на мобилен телефон за сликање на гласачко ливче“ по  Изборниот законик(Скопје-три, и по еден од Куманово, Велес, Битола, Крушево и Тетово) за кои дополнително ќе бидат поднесени барања за поведување на прекршочна постапка.

Во тек е постапување по 38 настани ( Скопје-20, Битола-пет, Велес-пет, Струмица-четири, Велес-два и Тетово-два). Се работи за : седум се за наводен поткуп, 14 се за агитирање околу избирачките места и организирано носење гласачи, пет се однесуваат на фотографирање на гласачко ливче, додека останатите се однесуваат на обид за полнење кутии, навреда на заменик член на Избирачки одбор.

По преземени мерки од страна на полицијата за  22 настани  (Скопје-девет, Охрид-осум, Куманово-три и по еден Тетово и Струмица) утврдено е дека нема такви настани;

Исто така, заради обид за фотографирање гласачки ливчиња, предизвикување расправии во близина на партиски штабови на подрачје на СВР Куманово и СВР Скопје предупредени се две лица.

Во текот на денот заради расчистување на настани приведени се 18 лица и тоа:

– за сомненија за сторени кривични дела приведени се –осум (Струмица-шест и по едно во Прилеп и Велес);

– за сомненија за сторени прекршоци по Изборниот законик приведени се седум лица (Скопје-четири, Битола-две и еден на подрачје на Тетово);

– за сторени прекршоци по ЗБПС приведени се две малолетни лица

– на подрачје на Скопје;за сторен прекршок по ЗППЈРМ приведено е едно лице на подрачје на Велес.

Исто така, во шест случаи (Тетово, Гостивар, Радовиш и Прилеп) пријавени  се  злоупотреби од страна на полициски службеници, за што мерки се преземени од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Во два случаи на подрачје Гостивар и Тетово не се основани наводите по пријавите, во два случаи на подрачје на Гостивар нема докази со кои се потврдуваат или отфрлаат наводите,  додека   во два случаи на  подрачје на Прилеп и Радовиш во тек се мерки и активности, соопштија од МВР.

ИЗБОРИ2016 МВР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.