Рано утрово во Македонија е екстрадиран претседавачот на Советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ. Со полициско обезбедување веднаш по пристигнувањето директно е однесен во Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, потврдуваат за НОВА во МВР.
МВР по своја проценка спроведувањето на Шиповиќ го изведе надвор од очите на јавноста.
Трасата по која ќе се одвива екстадицијата на Шиповиќ била обезбедена со голем број на полициски алфи, a на репортери не им беше дозволено фотографирање, и снимање, објави порталот Centarnews.
Шиповиќ, пред неколку седмици, на враќање од САД, беше уапсен на аеродромот во Виена по распишана меѓународна потерница за случајот „Машинопромет“. Изминатиот период тој беше во екстрадициски притвор во Виена. Целиот случај опозицијата го нарече монтажа против нејзиниот член и побара тој да се брани од слобода.




