Иако не е морално кон граѓаните на оваа земја, СДСМ може да продолжи да ги брани осомничените во аферата „Шпион“ кои работеле спротивно на интересите на Република Македонија. Иако е срамно да се напаѓаат сопствените институции и да се бранат поединци кои на странски разузнавачки продавале информации, СДСМ може својата политика и своите ставови да ги доближува до изворите од грчката Влада кои ги наведе Катимерини, се вели во соопштенито на МВР.
Според МВР граѓаните ќе запомнат дека и портпаролот Шилегов и изворите од Владата на Р. Грција, уште првиот ден излегоа со осуда за мегаскандалот кој го откри македонската полиција.
– Токму граѓаните и ќе го дадат својот одговор на следните извори за ваквото однесување на СДСМ. Нам ни е јасно дека странските служби изгубиле свои драгоцени извори во земјава, но вистинското прашање кое ќе треба да го одговори СДСМ е што тие изгубија со акцијата на МВР.
– Кристално јасно е дека СДСМ не ги почитува и ги игнорира државните институции на Р. Македонија, но уште во текот на вчерашниот ден, експресно, беше демаскирана лагата и манипулацијата на портпаролот Петре Шилегов. Истата може да биде повторена уште сто пати, но тоа не значи дека некогаш ќе стане вистина. Шилегов ќе ја добие можноста своите лаги и клевети да ги докаже пред македонските судови, се вели во соопштението на МВР.




