Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР: Случајот во Радишани се расчистува, вмешаните се идентификувани

0
By Нова ТВ on April 15, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 15, 2014 17:51

По објавените снимки од инцидентите во Радишани кои со јавноста ги сподели семејството чии членови учествувале во тепачката во неделата вечерта, министерството за внатрешни работи се огласи со соопштение каде што тврди дека случајот се расчистува и дека истиот не е поврзан со изборни нерегуларности.

„Во врска со пишувањето на одредени портали околу случајот во Радишани и негово поврзување со изборниот процес, МВР сака да потсети дека нема регистрирано, ниту пријавено какви било нерегуларности на избирачките места на посочената локација кои би влијаеле на гласањето.

-Инволвираните во случајот се идентификувани, а пронајдено е и лицето кое го управувало возилото и во консултација со надлежниот Јавниот обвинител, против него ќе биде процесуирана пријава за сторено кривично дело „Предизвикување на општа опасност“. Кај сите останати за кои надлежниот јавен обвинител ќе утврди натамошна одговорност ќе следуваат соодветни поднесоци.

-Како што веќе информиравме, на 13.04.2014 година, околу 22,30 часот, на ул. „Радишанска“ во Скопје пред куќата на Ш.З.(74) настанала расправија, а потоа и тепачка помеѓу Б.З.(20) и Б.З.(23) од една страна и од друга страна Н.Б.(23) и Б.Д.(34), во која си размениле некоку удари по телото нанесувајќи си видливи повреди, додека на Б.З. му е нанесена скршеница вопределот на раката. По ова, од куќата излегла Ш.З. да види што се случува, по што А.Д.(1988) со патничко возило влегол во толпата, удирајќи ја при што и нанел телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштува МВР.

Во понеделникот министерката Јанкуловска изјави дека тепачката во Радишани се случила поради сообраќајна несреќа. НОВА денеска ја пренесе верзијата на семејството кое тврди дека тепачката настанала поради провокации пред нивниот дом за време на славење изборна победа, откако група млади почнале да извикуваат „Шиптари селете се од Радишани“ и „Шиптари зошто не гласавте“. НОВА во своите текстови го пренесе впечатокот на инволвираните дека причина за инцидентот биле вулгарни прозивки со етнички предзнак, а не изборни нерегуларности.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.