МВР соопшти детали од сообраќајната несреќа којашто синоќа се случи пред Владата на РСМ.

На 07.02.2022 во 19.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Илинден“ и бул.„Св.Климент Охридски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода“, управувано од Ј.Б.(38) од Скопје, патничко возило „фиат“, управувано од Д.П.(45) од Скопје и патничко возило „киа“, управувано од А.Т.(36) од Скопје, сите со скопски регистарски ознаки.

Во незгодата со повреди се здобиле Ј.Б. и сопатникот од патничкото возило „шкода“, Б.Љ.(35), констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Оваа незгода, според неофицијални изјави од очевидци, ја предизвикал возачот на владината „шкода“, Ј.Б. , кој во тие моменти ги возел министерот Крешник Бектеши и  вицепремиерот Фатмир Бесими.