Published: Wednesday, October 9, 2013 15:39
Во полициска акција попладнево се упасени повеќе лица, а првоосомничениот Мирослав Шиповиќ сеуште е во бегство, информацијата се уште нема потврда од МВР.
Се работи за акција за расчистување на криминално работење во компанијата „Машинопромет“ каде првоосомничениот, кој е инаку претседател на Советот на општина Центар, е претседател на Управниот Одбор.
Како што дознава НОВА од свои извори Шиповиќ пред некое време отпатувал за Америка во посета на неговиот син, кој таму бил отиден на операција.
Во полициската акција веќе се приведени повеќе лица, членови на Управниот и Надзорниот Одбор на „Машинопромет“.




