На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот изречени се вкупно 150 мерки.

За возење повеќе од дозволената брзина изречени се 30 санкции, 17 казни се за возење без возачка дозвола, 10 за технички неисправни и нерегистрирани возила.

– Изречени се 11 мерки за возење под дејство на алкохол, 14 прекршоци што ги чинат пешаците, пет за користење мобилен телефон, 43 за непрописно паркирање, соопштија денеска од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.