Пристигна соопштение за пожарот во бугарскиот културен центар „Иван Михаилов“ во Битола. „На 04.06.2022 околу 05 часот Ѓ. Ѓ. (49) од Битола пријавил во СВР Битола дека слушнал кршење на стакло и видел како гори пред влезната врата од објектот на Здружение на граѓани културен центар „Иван Михаилов“ во Битола, лоциран на улица „Рузвелтова“, по што веднаш пријавил и во територијалната против пожарна единица Битола. Огнот е локализиран од страна на противпожарната единица од Битола, а увидната екипа на СВР Битола во координација со дежурен јавен обвинител од Битола извршила увид и се преземаат соодветни мерки и активности за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.