По преземeни мерки, било констатирано дека Б.С. починала од здобиени повреди од остар предмет, додека нејзиниот сопруг имал прострелна рана од огнено оружје, се наведува во соопштението на МВР.
Жената во Табановце починала од повреди здобиени од остар предмет, а нејзиниот сопруг имал прострелна рана од огнено оружје, соопшти денеска МВР.
– Денеска во 8:20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во семејната куќа во село Табановце, кумановско, биле пронајдени починати и со повреди Б.С.(43) и неговата сопруга Б.С.(36). По преземeни мерки, било констатирано дека Б.С. починала од здобиени повреди од остар предмет, додека нејзиниот сопруг имал прострелна рана од огнено оружје, се наведува во соопштението на МВР.
Обвинителството претходно потврди дека по увидот, телата се предадени на обдукција, по наредба на обвинителот.
– Со цел утврдување на причините за смртта на двајцата сопружници јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телата на починатите, како и наредба за вештачење на пронајдените траги и материјални докази на лице место, се вели во соопштението на ЈОРСМ.