Во четвртокот, петокот и во текот на викендот аплицирани се вкупно 8.185 дози вакцини, од кои 1.706 се аплицирани како прва доза, 1.899 се ревакцинирани, а 4.590 граѓани примиле трета доза вакцина.
Заклучно со  7 ноември вкупно се вакцинирани 809.293 граѓани, ревакцинирани се 780.456, а трета доза примиле 43.376 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57% , а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 37% од популацијата во државата примила две дози вакцина.