Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МЗ: За пациентите со ретки болести e обезбедена терапија за три месеци

0
By Нова ТВ on April 12, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На лицата кои се заведени во електронскиот регистар за ретки болести се обезбедени и предадени таблетарните лекарства за месеците април, мај и јуни, информира Министерството за здравство (МЗ).

„Оваа група на пациенти се обезбедени со неопходната терапија за периодот што следува. За оние пациенти кои примаат ампуларна терапија е обезбеден сигурен и изолиран пристап до соодветните клиники. Со ова, пациентите се заштитени од посета на клиниките и можен ризик од зараза со ковид-19 во периодот што следува“, се наведува во соопштението на МЗ.

Министерството потенцира дека со почетокот на коронавирусот во земјава, направена е дистрибуција до сите јавно-здравствени установи кои лекуваат пациенти со ретки болести и во моментот нема недостиг од ниту еден лек, а пациентите имаат подигнато терапија за два до три месеци. Според Министерството, за најголемиот дел од лековите во клиниките има лекови до јуни.

„Заклучно со март оваа година, во Регистарот се евидентирани 530 лица со ретка болест. Над 150 од нив се пациенти со цистична фиброза за кои се обезбедува терапија преку Фондот за здравствено осигурување. Во однос на бројот на пациенти под терапија, во 2015 година со програмата биле опфатени 96 лица, во 2018 година – 140 пациенти, во 2019 година – 170 пациенти, а во 2020 година ќе бидат опфатени над 185 пациенти плус 150 со цистична фиброза“, се додава во соопштението.

Министерството информира и дека преку Програмата за лекување на ретки болести во 2020 година ќе бидат набавени вкупно 35 лекови за пациенти со ретки болести, од кои три нови за идиопатска пулмонална хипертензија како трет избор на лек за оваа болест, за хередитарен ангиоедем како трет избор на лек за оваа болест и еден нов лек за терапија на Гоше, со што за оваа болест веќе ќе има избор од четири лека.

Според Министерството, од 2017 година до денес, во Програмата се воведени вкупно девет нови Орфан лекови и тоа два лека за терапија на Гоше, како втор избор на лек за оваа болест и по еден нов лек за пациентите со Гоше, за терапија на лица со ФАП – фамилијарна амилоидна полиневропатија, за терапија на апаластична анемија, за терапија на осум пациенти со Дг. Пулмонална фиброза, за пациентите со Спинална мускулна атрофуја (СМА), за идиопатска пулмонална хипертензија како трет избор на лек за оваа болест и за хередитарен ангиоедем, исто така како трет избор на лек за оваа болест.

„Со програмата за 2019 година, за првпат беше обезбедена терапија и за пациентите со Ајзенменгер синдром, која дотогаш пациентите ја набавуваа приватно. Истовремено, обезбедена беше и терапија со лекот Босентан за децата со вродена срцева мана и пулмонална хипертензија, кои родителите претходно мораа приватно да го купуваат, се нагласува во соопштението на Министерството за здравство.

лекови Министерство за здравство ретки болести терапија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.