Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На 1 април средношколците маскирани одат на протест пред МОН

0
By Нова ТВ on March 30, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 30, 2015 11:11

Средношколците од Скопје в среда излегуваат на втор марш за укинување на екстерното тестирање и враќање на стариот концепт на полагање државна матура.

Од средношколскиот пленум навестуваат креативен марш на Денот на шегата. Имено, дел од средношколци кои ќе маршираат од Собранието на Република Македонија до министерството за образование, ќе бидат маскирани, а пред МОН ќе се изведе и перформанс под маски.

„Нашиот марш во среда нема да покаже страв од учење туку жед за знаење. За она вистинско знаење што секој од нас го заслужува. Заедно да и покажеме на оваа земја дека интелектуалната младина е оформена и независна. Нашиот дух е непокорлив, а нашиот став непоколеблив!“, велат од Средношколскиот Пленум.

Министерот за образование Абдулаќим Адеми, иако изминатава недела ги доби барањата на средношколците и вети дека ќе ги повика на разговор, сепак ги извиси. Средношколците велат дека министерот се обидува да изманипулира со нив.

„МОН во текот на изминатата недела се обиде да ги изманипулира средношколците дека ќе има средба со нивните претставници. Срамно е како министерот и неговите соработници цела недела се кријат иако ги баравме под дрво и под камен да ја договориме средбата која тие ни ја ветија на првиот марш.“ велат од Пленумот.

Собирот за средношколскиот марш ќе започне во 12 часот.


Рутата на маршот

Првито масовен средношколски марш против новиот концепт на полагањето државна матура се случи пред две недели, кога ученици до различни училишта и различна возраст ечеа низ Скопје викајќи „Ние сме иднината“ и „Не за математика“.

Освен во Скопје, средношколски марш за четврток е најавен и во Тетово. Собирно место е на платото на Културниот дом во Тетово, во 12:15 часот. Тетовските средношколци по вторпат ќе маршираат по булеварот Маршал Тито, преку ул. Јане Сандански, преку Илинденска, сè до Работничкиот Универзитет, каде што се наоѓаат канцелариите на Министерството за образование и наука (МОН), Бирото за развој на образование (БРО) и Просветниот инспекторат.

Средношколски маршеви периодов се одржаа и во Делчево, Кичево, Дебар, Куманово, Велес, Берово, Македонска Каменица, Битола, Кавадарци, Кочани, Ресен и Струга.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.