Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На брегот на Преспанското Езеро воздушна бања за респираторно болните

0
By Ана Василевска on August 29, 2023 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во прегратките на планината Галичица, долж западниот брег на Преспанското крајбрежје, во густа борова шума сместена е Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на белодробни заболувања Отешево. Повеќе од 40 години, илјадници пациенти со респираторни нарушувања уживале во благопријатната клима, каде се вкрстуваат ветровите од Јадранско, Јонско и Средоземно море, но и да го вдишат благопријатното присуство на радон, кој има позитивен ефект врз здравјето на пациентите.

Благопријатноста, во оваа, како што многумина ја нарекуваат воздушна бања, се чувствува уште во првиот здив. Воздухот е посебен, поразличен, за момент се чуствувате како да сте на некој посебен дел од земјата, во некој рај за дишење. Но, покрај местоположбата, пријатната клима и убавата природа, таму ќе ве пречека стручен медицински тим со насмевка, убав збор и пружена нега.

Во пространиот двор меѓу боровите се издигаат три згради, ресторан за храна на хоспитализираните, еден објект е за физикална медицина и рехабилитација, а другиот е за пулмонална рехабилитација. Капацитетот на двата оддели е 72 легла, но поради реновирањето на едната зграда, овој период работат со помалку хоспитализирани. Со насмевка не пречека Биле, портпаролка во Болницата и за миг поуживаме под боровите во магијата околу нас, зачинета со информации околу работата.

За лекување и рехабилитација на пациентите се грижи тим од осум лекари меѓу кои пулмолог, физијатар и интернисти, како и физиотерапевти, медицински сестри и помошен персонал. Располага со комплетно опремени интернистички оддел, оддел за физикална терапија и лабораторија. Се прават алерготестови, спирометрија, бронхопровокации, гасни анализи…

Основана од доктор Арсе, мисијата за осовременување ја продолжува неговата снаа

Основана од доктор Арсе Гошаревски во далечната 1980 година, изградена на внимателно избрана локација на средна надморска височина без големи варијации во температурата и без никакви аерозагадувачи во близина, меѓу два национални парка Галичица и Пелистер и покрај самиот езерски брег. Местоположбата е неслучајно избрана. Напротив, по подолги истражувања, доктор Гошаревски со тим експерти на ниво на поранешна Југославија подолг период истражувале и геоклиматскиот фактор најмногу пресудил за институцијата да е токму тука на тоа место. Доктор Гошаревски бил на чело на Болницата до 2000 година и ја сметал за негов втор дом.

Аманетот од доктор Арсе денеска го продолжува неговата снаа, Билјана Гошаревска. Во исполнување на мисијата почната од нејзиниот свекор, Биле, која е портпарол во Болницата, со својата посветеност максимално помага во подобрувањето на условите како на пациентите, така и на вработените.

Со својот ентузијазам, Гошаревска неуморно работи на имплеметација на проектите. Еден од нив е реконструкција на главната зграда во која е сместен одделот за рехабилитација. Но, тука не застанува, размислува како да ги подобри условите и во другата зграда, а постојано е во комуникација и со донатори од земјава и странство со тенденција Специјалната болница да ја направи светски центар.

Вежбите за дишење главни за рехабилитацијата на пациентите

Во Специјалната болница, како што ни појасни директорката, доктор Александра Пили, пациентите може да дојдат на еднодневен преглед и на рехабилитација од седум, 10 или 21 ден.

– Кога ќе дојдат кај нас, на пациентите најпрво им се прави преглед, лабораториски испитувања и комплетна дијагностика. Доколку во текот на лекувањето се појави потреба се прават и алерголошки тестирања. Се вклучува соодветна терапија согласно резултатите, вели Пили.

Во рамки на рехабилитацијата, пациентите еднаш дневно, односно претпладне прават вежби за дишење, пешачат по патеките, ги уживаат благодетите што природата ги втемелила, тука на ова место наречено рај за хронично болните. Потешко болните добиваат и кислородна поддршка и инхалации, според потребите.

– Вежбите за дишење, долгите утрински прошетки покрај езерскиот брег, инхалациите… даваат голем резултат во лекувањето и рехабилитацијата кај болните. По завршување на претстојот на рехабилитација, пациентот добива соодвенти совети и терапија што е потребна за негобото натамошно лекување, додава директорката.

Во соработка со Клиниката за пулмологија и алергологија од јуни до октомври, секоја сабота доаѓаат професори на главна визита, пред кои се презентира состојбата на потешките пациенти. Доколку процени професорот, ја менува терапијата, а ги земаат и на дополнителни испитувања на Клиника.

За успехот на болницата говорат позитивните приказни на пациентите

За една институција да може одлично да функционира потребна е тимска работа, што во Специјализираната болница во Отешево е беспрекорна. Сведок за тоа се позитивните лица на вработените, но и насмевката и бојата на гласот со која разговараат со пациентите. За успехот на Болницата, пак, зборуваат илјадниците оздравени и рехабилитирани пациенти и нивните семејства.

– Познати сме од благодарноста на пациентите низ цела Македонија. Имаме пациенти што доаѓаат по 25-30 години и велат дека Болницата ги вратила во живот, нагласува Пили, посочувајќи пример со пациент кој дошол во многу лоша состојба со дубак и помош од сопругата, но по лекувањето и рехабилитацијата се вратил исправен.

Покрај пациенти од поранешна Југославија, во минатото тука се рехабилитирале и рудари, спортисти, а доаѓале и студенти за едукација. Интересот и сега е голем, покрај пациенти од цела држава имало побарувања и од соседството: од Албанија, Србија и Грција.

– Нашиот успех се гледа преку благодарноста на болните, кои по рехабилитацијата се вратиле во нормален живот, на работа и во секојдневните обврски со намалени или надминати респираторни проблеми, нагласува Гошаревска.

Во оваа установа се праќаат и пациентите со тешки последици по прележан Ковид 19, каде им се пружа соодветна пулмонална рехабилитација со физикална терапија, по што голем дел ги надминале симптомите на замор, отежнато дишење, малаксаност, односно го подобриле квалитетот на живот.

Пациентите презадоволни, се враќаат дома здрави и со нови пријателства

Претстојот во Специјалната болница за Отешево покрај за рехабилитација придонесува и за многу нови пријателства. Тоа го потврдија и скопјанките Цветанка Лазарова и Есма Биеф, чие пријателство било обновено по средбата тука. Двете се презадоволни од третманот и услугата што ја добиваат од лекарите и останатиот медицински персонал, за што им се многу благодарни.

Цветанка или како што сите ја викаат Цеце, боледува од астма и веќе шест години доаѓа на рехабилитација во Отешево по препорака на нејзината лекарка.

– Презадоволна сум од целокупниот третман од 21 ден. Од рехабилитацијата се чувствувам многу подобро, состојбата ми се подобрува за 90 проценти, вели Цеце.

Задоволство од претстојот искажа и Есма, која исто така доаѓа шеста година по ред, по препорака на лекар од Клиниката за пулмологија и алергологија.

– Имам доста подобрување, покрај вежбите за дишење правам и физикални третмани, а по завршување на рехабилитацијата добиваме насоки како да се однесуваме понатаму, вели Есма, нагласувајќи дека во животот нема сретнато подобар медицински тим за работа.

Верните пријатели секогаш одговараат на потребите на Болницата

Покрај редовниот годишен буџет што установата го добива од Министерството за здравство, секојдневно пристигнуваат донации од добронамерници, кои придонесуваат кон подобрување на условите за лекување и работа.

Долгогодишните пријатели, холандската фондација „Воздух за Преспа“ несебично секоја година, па и повеќе пати годишно донира лекови, потребна апаратура и инвентар во Болницата. Оваа фондација формирана од Кес и Јохана Барс, пријатели на семејството Гошаревски, воодушевени од убавините на Преспа и бенефитите кои ги пружа Специјалната болница во Отешево, ја формирале фондацијата со цел да помагаат. Тоа неуморно го прават повеќе од 30 години. Во над 30 донации, досега меѓу другото имаат доставено медицинско возило, бронходилататори, спрејинхалатори и разна терапија потребна за лекување на пулмолошко болните.

Неодамна пристигна донација од болнички инвентар и медицинска апаратура од Letzcare a.s.b.l од Луксембург, како и ацидобазен анализатор ABL9 од светски реномираниот производител Radiometer од компанијата Фармахем.

Извор: Независен.мк

Воздушна бања Преспа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.