Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дел од фоторепортерите биле спречени да снимаат на лидерската

2
By Нова ТВ on July 18, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: Ѓорѓи Личовски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 18, 2018 19:22

Владината служба за информации не дозволува фоторепортерите и снимателите да ги снимаат лидерите кога влегуваат на состанок во Клубот на пратеници попладнево во Скопје, по што тие во знак на протест ги оставија камерите пред влезот – објави порталот „СДК“.

Официјално, на новинарските екипи им е кажано дека не смеат да влезат во кругот на Клубот на пратеници оти „таков е протоколот од безбедносни причини“.

Откако неколкумина се побунија со забелешка дека во изминатите 27 години до сега ниту еднаш не се случило фоторепортерите и снимателите да не смеат да ги сликаат лидерите како излегуваат од колите, по што во знак на протест  си заминаа,  Марјан Забрчанец, посебен советник за односи со јавност во Кабинетот на премиерот им дофрли: „Единаесет години ве газеа, ќутевте, а сега ли најдовте да зборите“.

Веднаш потоа Марјан Забрчанец преку Фејсбук даде своја верзија на настанот:

„Не е точно, на сите претставници на медиумите им е овозможен пристап и за фотографирање и снимање, сала за работа и сите неопходни услови. Повеќе од 20 сниматели и фотографи се внатре и непречено работат. На самиот влез безбедносните служби проценија дека просторот кај влезот треба да се ослободи, но двајца фотографи одбија да се упатат во зградата каде што се сите останати претставници на медиумите. Реагираа бутно со напад дека „сме се изживувале“ на што јас одговорив дека станува збор за безбедносна проценка, а не за нечив личен став и дека не се изживуваме со новинарите како што тоа се случуваше во изминатите 11 години“.

Фоторепортерот Роберт Атанасовски исто така преку Фејсбук се огласи дека бил спречен да фотографира на лидерската средба.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.