Сегашните владејачки немаат препознатлива идеологија, дури и „десничарството” им е на патерици, презентираат само непровидна магла од ПР флоскули. Затоа базните гласови на владејачките партии се блиску до тотално дроновски. Опозицијата, пак, има светски признати и многу препознатливи идеологии од левиот спектар, па затоа во корпусот од демократски гласови имаат и многу базни гласови.
Емилија Целакоска
Демократијата нема еквиваленција со мнозинство гласови. Импликацијата оди: АКО е демократија, ТОГАШ мнозинството гласови е демократско.
Обратното не важи, бидејќи демократијата треба да е поддржана и од демократски институционален капацитет, од checks and balances меѓу нив, итн, сѐ останато што влегува во дефиницијата за демократија.
Ваква импликација, во контрапозиција, значи дека мнозинство од недемократски гласови носи недемократија. Недемократски гласови значи – партијата избрала гласачи за тие да го извршат бирањето на конкретната партија. Партијата бира, практично, а премногу од оние кои се изложуваат на процесот на гласање се нејзини дронови.
Демократските гласови за една партија, значи, би требало најмногу да се надвор од базите на партиите. Но, доколку партијата има многу јасна идеологија, добар дел од базните гласови може и да не се дроновски.
Сегашните владејачки немаат препознатлива идеологија, дури и „десничарството” им е на патерици, презентираат само непровидна магла од ПР флоскули. Затоа базните гласови на владејачките партии се блиску до тотално дроновски. Опозицијата, пак, има светски признати и многу препознатливи идеологии од левиот спектар, па затоа во корпусот од демократски гласови имаат и многу базни гласови. Дополнително, социјалните предизвици го влечат населението кон нив за решенија, па имаат, споредбено со „десните”, и повеќе небазни гласови.
Ова, се разбира, ја доведува во прашање и самата метрика „мнозинство” како демократско мнозинство. Со овие увиди, овој поим може да е и оксиморон во хибриден или авторитарен недемократски режим маскиран во демократски, затоа што, парадоксално, може бројот на дроновски или на друг начин недемократски (со заплашувања или со потплатувања) добиени гласови за една опција да го надминува бројот на демократски добиени гласови за друга опција.
Треба да се испита, но еве, шпекулирам, дека сегашната група владејачки партии имаат приближно 0 гласови надвор од базата, а опозиционите имаат далеку повеќе не-базни и, генерално, не-дроновски гласови. Не особено многу не-базни во однос на базните, но релативно доволно значајна разлика со владејачките, за да може да се заклучи дека владејачката група партии се носители на недемократија, а опозицијата има нешто поголем демократски капацитет. Оваа недемократија се вика засега хибриден режим, но тоа знае да оди и накај авторитарен, до фашистички.
Кога е ВМРО-ДПМНЕ во прашање, автохибриден или не дај боже, автофашистички режим е тоа. Доказите за авто-то, за самоуништувачката тенденција се нижат. Кочани е на чело н
Од Фејсбук ѕидот на авторката

