Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На денешното рочиште сослушан сведок од партијата „Десна“

0
By Marija Todorovska on February 26, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со изведување на докази од страна на одбраната во Основниот Кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, за кое се обвинети Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. Денеска беа изведени материјални докази од одбраната на Ѓорчевски, а беше сослушан и сведок на предлог на одбраната на Палевски.

Одбраната на обвинетиот Боре Видевски на почетокот од денешното рочиште предложи изведување на доказ за тортура при приведувањето на Видевски, но предлогот не беше прифатен.

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на Александар Ѓорчевски, продолжи со изведување на материјални докази. Меѓу доказите беа прочитани решенија за данок на имот на име на неговите ќерки, Вања и Миња, барање за доставување информации од Хелсиншкиот комитет за човекови права од 10.5.2024 година, лекарски извештај од Аџибадем Систина од 16.5.2024 година, новинарски извештаи од Канал 5 телевизија од 27.11.2023 и од Телма од 23.11.2023, како и изјава на мајката Зорица Ѓорчевска за ММС, во врска со тоа кој прв ја известил јавноста дека девојчето е киднапирано. Беше прочитан и договор за дар на недвижност на малолетните деца Вања и Миња од 10.4.2023 година, заверен во Град Скопје.

Одбраната изјави дека го искористила правото за дел од сведоците кои претходно беа предложени за испитување, останува само испитувањето на Александар Ѓорчевски.

Јавниот обвинител во однос на предложените докази за данок за имот изјави дека истите не се доказ дека наведените лица се стекнале со имот и се заведени во имотен лист во агенцијата за катастар на недвижности, туку, склучениот договор кај адвокат со кој е оставен имотот на Вања и Миња Ѓорчевски е проследен со Град Скопје каде што се евидентира затоа што даропримачите се наследници од прв наследен ред и се ослободени од давачки.

Ова не значи дека предметниот стан е заведен во имотен лист сопственост на Миња ниту пак станот на Булевар „Партизански одреди“ на име на Вања, рече обвинителката.

Во однос на новинарските извештаи, според неа, новинарот пренесува информации како што тој го гледа настанот.

Во продолжението од денешното рочиште на предлог на одбраната на Палевски, беше сослушан сведокот Зоран Петковски, член на комисијата за безбедност во политичката партија Десна. Претходно, Судот наложи на одбраната на Палевски да достави единствена листа на докази.

Сведокот Петковски сведочеше за комуникацијата со Љупчо Палевски на 27 ноември 2023 година.

Комуникацијата со Љупчо Палевски беше во раните утрински часови меѓу 8:20 и 9:00 часот на таен канал за електронска комуникација преку телеграма апликација креиран од Љупчо Палевски, изјави Петковски.

Тој додаде дека разговарале на тема ирански дронови и нивната набавка од Србија, односно трансфер преку Србија од Иран.

Петковски, исто така, сведочеше за состанокот со началникот за насилен криминал Дејан Димовски и ВД претседателот на ПП Десна, Тони Алексовски, на 5 февруари 2024 година.

Во телефонски разговор помеѓу началникот за насилен криминал Дејан Димовски и Тони Алексовски, вд претседател на политичка партија „Десна“ бевме повикан да се јавиме на 5 февруари 2024 година, а во врска со затворањето на просториите во кои што се наоѓаше партијата. Вклучив уред диктафон на кој што го снимив целиот разговор. Разговорот течеше коректно и пријателски, се одвиваше во работната просторија на началникот Драган Зарински, на кој, покрај него, присуствуваше и началникот Дејан Димевски и уште еден инспектор за кој не знам податоци бидејќи не се легимитираше, рече тој.

Дополни дека откако се запознале, разговорот траел час и 15 минути и во него им биле изнесени информации поврзани со кривично правните настани од 22 и 27 ноември 2023 година во Велес и Скопје.

Откако виде дека се работи за поранешни припадници на борбените сили, Тони е професор на Михајло Апостоловски академија, јас бев на центарот за обука на МВР, разговорот премина во пријателска атмосфера на кој ни беа изнесувани и моменти и информации поврзани со кривично правните настани од 22 и 27 ноември 2023 година во Велес и Скопје. Некаде после 50 минута од разговорот, 54 минута од снимениот разговор ми се обрати инспекторот Драган Зарински лично мене, јас седев во неговата канцеларија до самиот влез од негова лева страна на бирото, до мене од мојата лева страна седеше началникот Дејан Димевски, пред мене Тони Алексовски, а во крајниот агол до прозорецот инспекторот за кој немам податоци. Драган Зарински ме праша кратко и јасно, „го познаваш ли Боре?“, на што му одговорив потврдно да, го знам и го познавам. Веднаш потоа, ми покажа со десна рака, десно од неговиот работен стол, дупка во ѕидот и ми кажа „ете тоа е од Боре, толку и ова не смеам да ти го кажувам, меѓутоа користевме стари методи за добивање на признание“. Не ми е чудно затоа што и самиот потекнувам од таква структура меѓутоа, сметам дека е битно, ако признанието на Боре е изнудено со сила, односно со тепање, мислам дека судот треба да го земе предвид тоа, рече сведокот.

Дополни, „инспекторот Зарински продолжи дека додека го тепал Боре, Кешишов седел пред вратата и слушал и продолжи со зборовите, кога влезе Влатко ми кажа Боре и Вељо, тие ми го донесоа во ѓепекот, каде што го преземав“.

На прашањето од јавната обвинителка дали ја чува комуникацијата со Палевски, одговори негативно, поради тоа што, како што рече „каналот беше направен од Палевски и после половина час се брише“.

Сведокот одговори потврдно на прашање на Судот дали Палчо знае да работи со уреди.

Јас сум дипломиран ИТ стручњак, специјалист за хидроакустика од ЈНА, електротехничар и сметам дека она што го видов кај него, дека добро владее со ИТ секторот, тоа значи дека добро ги владее уредите и средствата за електронска комуникација, рече тој.

Вања Палчо Панче Партија Десна рочиште сведок убиство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.