„Заедно да се избориме против екстерното тестирање!“ под ова мото денеска точно напладне пред споменикот на Мајка Тереза во Скопје ќе започне протестот против екстерното тестирање.
На социјалната мрежа Фејсбук веќе се формирани неколку групи за поддршка на протестот каде илјадници малди луѓе го најавуваат своето присуство на протестот.
Советите на родители од осум основни училишта од општина Карпош повикувајќи се конвенцијата за права на детето на ОН бараат од Владата и сите надлежни институции да се одложи екстерното оценување за идната година.
Доколку мора да се спроведе резултатите да не влијаат на успехот на учениците.
Стотици ученици од Струмичките и Куманово вчера протестираа против реализацијата на екстерното тестирање, предходниот ден протести имаше во Кавадарци и Прилеп.
Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ им се обрати на учениците да не потклекнуваат на провокациите пласирани од одредени опозициски партии.