Published: Monday, December 30, 2013 18:37
Заврши шестчасовната акцијата на едниницата за спасување и извлекување од Црвен крст Охрид, кои на планината Галичица успеаја да ги спасат тројцата албански планинари.
Како што изјави за медиумите Сашо Точко од Црвен крст Охрид четирите лица се движеле на стрмен терен, едно лице се истркалало на 300 -500 метри и удрило во дрво. Од здобиените повреди починало.
„Другите дошле да му помогнат, но нашите екипи кога стигнале едното лице веќе било починато, а другите биле во шок и вознемирена состојба“, објаснува Точко за локалните медиуми.
Како што соопшти попладнево СВР Охрид животот го загуби 40-годишниот Флоријан Џера од селото Аларут, Поградец Албанија.




