Попладнево на граничниот премин „Табановце“ се чека околу еден час за влез во земјава, а времето на чекање на граничниот премин „Богородица“ и за влез и за излез од Македонија е околу 40 минути, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

„На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, додаваат од АМСМ.