Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На Иванов не му оди со колегите – немало средба со Папуљас

0
By Нова ТВ on July 2, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 2, 2013 15:28

Иванов не се сретнал со Папуљас, размениле само 2 збора,јавува дописничката за Канал 5 од Атина. Написите во грчките медиуми за наводната средба помеѓу двајцата претседатели дошле од текстот на дописникот од Скопје од грчката новинаска агенција АПЕ, кој пак веројатно се информирал од македонската агенција МИА, пишува Канал 5.

>>Прва средба Иванов – Папуљас

Извори за Канал 5 од претседателската палата велат дека за време на вечерата Иванов му пришол на Папуљас, размениле 2 збора, го поканил да пијат кафе, на што грчкиот претседател одговорил – ќе пиеме, но откако ќе се решат проблемите. Според извор на Канал 5 официјална Атина не пуштила ниту соопштение бидејќи не станало збор за официјална средба, туку за неформален разговор на вечерата.

Канал 5 информира и за денешните написи во грчките медиуми по реакциите околу обидите неформалниот разговор да се претстави како средба.

„Папуљас одговори дека со задоволство ќе се сретнат, но откако ќе се реши прашањето за името. Показател за „добрите“ намери на скопската страна е дека официјалната новинска агенција од ФИРОМ го претстави ракувањето како средба, наведувајќи дека Папуљас ја прифатил поканата на неговиот скопски колега“ – пишува Етнос, а пренесува Канал 5.

– По моја иницијатива првпат се сретнавме со грчкиот претседател и разговаравме отворено како луѓе за нашите две општества, за нашите граѓани и како можеме ние како претседатели да придонесеме да има една поголема соработка меѓу двете општества, бидејќи треба да ги следиме добрите односи, добрите трендови, кои почнаа да се случуваат меѓу граѓаните на нашите две земји – изјави Иванов по средбата во Загреб и дополни дека според него, Папуљас ветил нова средба.

– Остана да го продолжиме разговорот. Вети дека ќе имаме и друга можност повторно да разговараме. Така што ова го чувствувам како еден пробив, бидејќи од нашата независност досега немало средба меѓу грчки и македонски претседател – се пофали Иванов.

Веста за таканаречената средба ја објави Македонската информативна агенција МИА.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.