Американскиот Сенат го потврди назначувањето на Janet Yellen, која има 76 години, за претседателка на американската централна банка FED, јавува BBC.
На оваа функција Yellen, го замени Ben Bernank, на кого му истекува мандантот на 31 јануари. Yellen е првата жена која ќе ја води институцијата, во нејзината стогодишна историја.
Таа досега беше потпретседател на банката, а на оваа функција ја назначи претседателот Барак Обама. Во Сенатот добила 56 гласа главно од демократи, а 26 од републиканците биле против.