Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На која планета живее власта?

0
By Xhabir Deralla on August 22, 2026 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА, УДАРНО, ФЛЕШ ТРИ
Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 22, 2026 10:30

Статистиката може да покажува дека паричниците се полни, но луѓето не плаќаат на каса со статистика.

Џабир Дерала

Економските дебати во јавноста сè повеќе наликуваат на два паралелни света кои директно ги соочуваат податоците на премиерот Христијан Мицкоски со реалноста. Ова е темата на која опозицијата има повеќе од доволно аргументи да ги нападне тврдењата на власта. Мицкоски се „прослави“ повеќе пати во изминатите две и кусур години со фалбите за економски успеси и раст на стандардот во земјата. Тој се служи со статистички показатели за растот на платите и пензиите. Но социјалните мрежи и дел од аналитичарите, како и опозицијата, не се согласуваат со него. Освен нив, со премиерот не се согласува ни реалноста во која реалните трошоци за живот постојано растат.

Секоја здраворазумска анализа дури и на официјалните податоци ќе понуди илустрација за тоа каде завршува политичката реторика и пи-арот, а каде започнува реалноста.

Премиерот Христијан Мицкоски неодамна презентираше економска анализа во која направи споредба меѓу 84-те месеци од владеењето на СДСМ и ДУИ и 23-те месеци од актуелната влада (во која членуваат коалициските партнери ЗНАМ и ВЛЕН). Според Државниот завод за статистика, просечната нето-плата за мај 2024 година навистина изнесувала 41.252 денари. Ова претставува номинален раст од над 20 проценти. Слична е состојбата и кај пензионерите. Официјалните соопштенија на владејачката ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека просечната старосна пензија пораснала од 22.858 денари во јули 2024 година, на 29.663 денари во тековната 2026 година. Овие бројки ги пласираат провладините медиуми без да ги предизвикаат со податоци за вистинскиот стандард на граѓанките и граѓаните. Растот, ако се следат бројките, е статистички неспорен.

Од друга страна, владините пресметки кои се засноваат на просто споредување на денешните економски параметри со периодот на владеењето на претходната влада содржи повеќе пи-ар, а помалку однос кон реалните состојби.

Најчестите коментари за оваа најнова фалба на премиерот со официјалните статистички податоци е дека тие не се одраз на тоа со што се соочуваат граѓаните во супермаркетите и на бензинските пумпи. Според официјалните податоци на Сојузот на синдикати на Македонија, синдикалната минимална кошница за месец јули 2026 година изнесува застрашувачки 68.498 денари. Кога на ова ќе се додаде цената на дизелот од 100 денари и енормно високите цени на основните прехранбени производи, станува јасно дека дури и со две просечни плати, преживувањето на едно четиричлено семејство е сериозен предизвик. Дополнителен товар за макроекономската стабилност, според аргументите на опозицијата, е и тоа што државата се задолжила за нови 2,5 милијарди евра во текот на двегодишниот мандат на оваа влада.

Анализата на Пари.мк укажува дека инфлацијата забележала пад на 2,3 проценти во јули 2026 година, додека кумулативната инфлација за првите седум месеци изнесува 3,9 проценти. Но без оглед на тоа што овие податоци укажуваат на забавување на растот на цените, клучно е тоа што самото ниво на цените на производите не е намалено. Така, статистиката му дава само „месо“ на владиниот пи-ар, додека за обичниот човек остануваат само коски и трошки.

Така, по којзнае кој пат, статистиката и пи-арот се судрија со реалноста во која живеат обичните луѓе. Власта можеби има право да се повикува на номиналниот раст на платите и пензиите преку конкретни статистички скокови кои се евидентни. Но, од друга страна, сериозните и сѐ повидливи неволји во кои се наоѓа буџетот на државата и реалната вредност на потрошувачката кошница ја раскажуваат приказната за животот кој вистински се одвива.

Разликата помеѓу тврдењата на власта и искуството на просечното семејство останува огромна, како да се од различни планети. Оттаму и прашањето во насловот: На која планета живее власта? Статистиката може да покажува дека паричниците се полни, но луѓето не плаќаат на каса со статистика.


ЦИВИЛ МЕДИА


Текстот е личен став на авторот. 
Авторот стои зад изнесените ставови и ја презема личната одговорност за содржината на текстот, во рамките на важечкото право. Во случај на правен приговор или постапка, авторот бара тие првенствено да бидат упатени до него, а медиумските платформи да бидат изземени од одговорност секогаш кога тоа го дозволува законот.


Неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ.

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.