На Ли од Кина е победничка на првиот Гренд слем турнир годинава, Отвореното првенство на Австралија.
Таа до вториот Гренд слем трофеј во кариерата стигна по победата во два сета со 7:6 и 6:0 над Доминика Цибулкова од Словачка, која пак за прв пат во кариерата успеа да се пласира во едно финале на големите турнири.
„Конечно успеав да освојам еден трофеј во Мелбурн. За мене ова е трета среќа бидејќи имав два неуспешни обиди да победам“, рече Ли по мечот.
Триумфот во Мелбурн на На Ли и донесе парична награда од 2,2 милиони долари.