На сцената на Македонската опера и балет ќе биде изведен балетот „Дон Кихот“ од Л.Минкус. Изведбата е во рамките на Мајските оперски вечери 2013.
Се работи за приказна за ветерници, „совршената“ жена, вистинската љубов и сето она помеѓу. Балетско дело во продукција на МОБ. Поставено на музиката на Минкус со експресивно темпо кое резултира со познатиот „Don Q pass de deux“, кој дава акцент на целата претстава…
Диригент на претставата ќе биде Алексеј Баклан, кореограф Виктор Јаременко, сценографија Андреј Злобин, костимите се на Гана Ипатиева – сите гости од Украина. Концерт мајстор е Верица Ламбевска
Во улогата на Китри ќе настапи солистката Аријане Лафита од Куба, како Базил ќе го видиме гостинот од Италија солистот Виторио Галоро, улична танчарка е првенката на Балетот, Марија Кичевска и во улогата на Тореадор е Бобан Ковачевски.