Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На прагот на новата транзиција

0
By Нова ТВ on November 2, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 2, 2016 11:23

Автор: Стево Пендаровски, универзитетски професор

Прилично бавниот демократски развој на Македонија беше прекинат во два наврати: во 2001-та кога во системот беа имплантирани неколку позитивни елементи, иако, конфликтот ги закочи демократските процеси уште барем две години, додека клучните актери не се адаптираа на новите правила на игра, и по 2008-та кога започна градењето на класичен авторитарен систем со балканска физиономија. Јасно е дека досегашното владеење на фамилијата се должи на драстичната асиметрија која постои помеѓу нив и опозицијата во  пристапот до трите столбови на “успехот” на секоја  автократија: ресурсите, медиумите и правдата. Во продолжение ќе се обидам да покажам зошто на 11 декември не очекува нов политички дисконтинуитет, овој пат за добро.

Бидејќи просторот е ограничен, накусо ќе ги изложам трите групи на фактори кои се решавачки за опстојувањето или падот на нашиот режим: странскиот фактор, кохезијата на власта и моќта на опозицијата, со цел, да укажам на нивниот различен квалитет во однос на било кои избори од 2006-та до денес. Меѓународниот фактор не игнорираше изминативе 10 години со два исклучока: лесната медијација за “црниот понеделник” која, објективно, заврши со зацврстување на власта и тврдата медијација по “бомбите” која го креираше СЈО, што е најголема надворешна интервенција во нашиот систем по Рамковниот договор.

Иако прв го наведувам, меѓународниот фактор ќе има најмало влијание до изборите, меѓутоа, најголемо по нив. Имено, сосема независно од изборните резултати, комплетната прва постава на ВМРО-ДПМНЕ ќе замине во политичката историја, затоа што нашиот пат кон евро-атлантските интеграции повеќе нема примарно да зависи од спорот за името, туку, од ефектите на СЈО и специјалното судско одделение.

При тоа, влијанието на западниот фактор нема да биде балансирано од истокот, затоа што Грција и Србија биле и се поважни регионални партнери за Москва од нас. Во овој контекст, да не заборавиме дека три члена на најтесниот фамилијарен круг, лани поднесоа оставки, не заради масовните граѓански протести, туку под директен притисок на Берлин и Вашингтон, што е меѓународна интервенција, каква што, според императивноста, не е видена кај нас, вклучително и во 2001-та.

На внатрешен план, круцијален е балансот на силите меѓу режимот и опозицијата и туку се регистрирани значајни поместувања на двете страни. Кога се на врвот од моќта автократите применуваат тн. притисок со висок интензитет врз секој што јавно им се спротивставува, на пример, со полиција го “чисти” Собранието од опозиција и медиуми, специјалци затвараат телевизии, монтира процеси на истражувачки новинари, крие убиство на млад човек.

Денес, ништо од ова повеќе не е можно. Останува нивниот капацитет за притисок со низок интензитет, но, со лимитирани ефекти: опструкција на правдата за функционери чии што вербални коментари од бомбите веќе станаа дел од народниот речник; оштетената медиумска машина која служи за потсмев во обидот да покрие сообраќајка на поранешен министер; продолжено прислушкување кое повеќе зборува за нив отколку за плановите на опозицијата; позајмените пари наменети за тн. сигурни гласачи каде лежи сета нивна надеж.

Дури и процесот на кооптирање (да употребам културен  израз), односно, купување на опозициони политичари е практично запрен, не заради недостаток на пари,туку, заради кредибилитетот на лицата кои се нудат. Единствено, дотурот на пари во новите медиуми е засилен. Ако во 2013-та, според пресретнатите комуникации, околу 800 лица биле платени на дневна основа да ја  критикуваат опозицијата на социјалните мрежи, денес, според проценките, таа бројка изнесува околу 3000 активисти. Меѓутоа, неуспехот на власта е особено видлив токму на дигиталните платформи кои беа критични за пробивање на скандалозните сознанија од бомбите до 82% од македонските граѓани.

Вториот дел од равенката, капацитетите на опозицијата, овој пат, ќе треба да го  решат  исходот на  изборите. Да видиме и зошто. Почнувајќи од 2013/2014, граѓанското движење успеа да се омасови и да опфати многу повеќе поединци отколку стандардната бројка граѓански активисти кои со години му  пружаат отпор на режимот. Во исто  време, партиската опозиција е најширока по опфат, вклучително и десниот блок, дури и ако настапи во две колони.

Доказ за моќта на партискиот и граѓанскиот  сегмент е заедничкиот настап  на протестот од 17 мај 2015-та кој е најголемиот политички собир во историјата со масовно присуство на сите етнички заедници. Последно, не и небитно, опозицијата има двајца министри во ресорите кои се решавачки за предизборен баланс во безбедносниот и социјалниот ресор каде што фамилијата  беше неприкосновена со години.

На крај, два збора за првиот отпор без кој немаше да биде можен ниту вториот. По своите специфики,  македонската пролет во 2013-та беше слична на тримесечниот српски отпор во зимата 1996/7 и не успеа од слични причини: контролата на дворот беше сеуште силна; меѓународниот фактор не даде децидна поддршка, а неколку опозициони фигури се повлекоа од борбата во пресуден момент. Денес, амбиентот е поинаков, а, опозицијата контролира мал, но, важен дел од системот. Постојат реални предуслови нашиот октомври да се случи во декември.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.