Published: Sunday, July 26, 2015 14:20
Изборниот законик, измени на закони поврзани со изборите, нов избирачки список, составот на Државната изборна комисија, како и гласањето на дијаспората се темите со кои утре ќе започне работата на првата работна група помеѓу потписниците на договорот од Пржино под посредништво на Белгиецот Питер Ван Хојт.
Согласно договорот од 2 јуни, како и оној од 15 јули партиите треба да оформат десетина работни групи кои ќе можат да работат на спроведување на обврските превземени од тие договори согласно препораките на Прибе.




