Во рамки на Самитот „Отворен Балкан“ во Белград, ресорните министерства од Северна Македонија, од Србија и од Албанија, како членки на регионалната иницијатива, денеска потпишаа четири нови договори и меморандуми за соработка.Потпишани се договори за механизмите за обезбедување на храна во Западен Балкан меѓу министрите за земјоделство на трите држави, Љупчо Николовски, Фрида Крифца, Бранислав Недимовиќ.Исто така, потпишан е Меморандум за разбирање и соработка во областа на кинематографијата и аудиовизуелните дејности меѓу министрите за култура од Република Северна Македонија, Бисера Костадиновска-Стојчевска, од Република Србија, Маја Гојковиќ и од Албанија, Елва Маргарити. Во рамките на Самитот „Отворен Балкан“ беше потпишан и Оперативен план во областа на цивилната заштита помеѓу директорите на трите држави.„Овие договори и Меморандумот, уште повеќе ја зацврстуваат соработката на земјите од Отворен Балкан и нудат можност за зближување, зајакнување и обезбедување безбедна иднина за граѓаните на трите држави“, беше порачано на потпишувањето.




