Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На ТВ дуелот Мицкоски потврди дека е марионета на Груевски

1
By Борјан Јовановски on May 24, 2018 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 24, 2018 19:53

Од вчерашниот ТВ дуел успеав да извлечам една единствена вест. Христијан Мицкоски  делува политички под целосна контрола на Никола Груевски. Со неговиот настап на овој ТВ дуел нема повеќе никакви сомневања дека Мицкоски нема ништо со лидерство во најголемата опозициска партија. Целиот негов настап по сите прашања беше обид да се обезбеди легитимитет на политиките на Никола Груевски.

Прво и највпечатливо е што Мицкоски немаше ни дискретен обид да се огради барем, иако од него се очекува осуда, од голем број негови сопартијци и симпатизери на партијата кои учествуваа во организираниот обид за рушењето на уставниот поредок и убиство на легитимно избрани претставници на граѓаните во Собранието. ВМРО ДПМНЕ едноставно за да се врати во игра како релевантен политички субјект на власт или во опозиција нема алтернатива освен јасно да стави на знаење дека настаните од 27 април се антидемократски тенденции од историски карактер кој не смеат да се повторат. Во тој контекст Мицкоски или било кој друг лидер на оваа партија на македонската демократија и должи извинување и осуда на сите оние кои директно или помалку директно учествуваа во овие настани.

Уште повпечатливо е што Мицкоски не само што не се огради од авторитарните тенденции на неговиот претходник  туку во два наврати се обиде да ја дискредитира Шарената револуција како деструктивно движење кое како што вели тој фарбало и кршело по градот. Шарената револуција може да биде оценувана вака или онака од оваа дистанца, но таа мора да биде признаена од сите политички субјекти кои претендираат да го имаат атрибутот демократски. Шарената револуција беше автентично граѓанско движење како израз против бруталните обиди за деструкција на елементарните принципи на владеењето на правото. Наместо осуда Шарената револуција од сите политички лидери треба да добие посебно место во историјата на развојот на граѓанското општество во Македонија и на тој начин да се  обезбеди широк  политички консензус за демократските принципи на владеење без разлика која политичка партија ја има власта. Начинот и лексиката која Мицкоски ја избра за да ја дисквалификува Шарената револуција е потполно идентична со јавните настапи на Груевски и неговото блиско опкружување на тема Шарена револуција. Во овој контекст за секаква осуда e и премолчувањето на Зоран Заев кој наместо да поентира со принципиелна поддршка за граѓанските движења како вителен дел од едно демократско општество тој го премолчи овој антидемократски став на Христијан Мицкоски. Како и да е остана горчливиот впечаток дека Мицкоски или не знае што е демократија или не смее јавно да се залага за демократските принципи за да го задоволи неговиот ментор Никола Груевски. Во двата случаја Мицкоски се дисквалификуваше себе си како лидер на демократска партија и релевантен политички фактор во една демократска држава.

Не помалку загрижувачка е и неговата порака испратена од овој ТВ дуел кон нашите пријатели и стратешки партери какви што се ЕУ и САД. Подобрувањето на односите на владата на Заоран Заев со ЕУ и САД, Мицкоски го протолкува дека е резултат по цена на националните интереси на државата што имплицитно подразбира дека ЕУ и САД на извесен начин бараат од нас да ги занемариме сопствените национални интереси на сметка на добри односи со нив. “Македонија повторно има пријатели кои и помагаат” изјави Зоран Заев, на што Христијан Мицкоски одговори “точно е тоа..некој тргува и ги распродава националните интереси за да има пријатели рушејќи го тоа што некој го создавал”.  Повторно штета што Зоран Заев пропушти да побара објаснување од неговиот соговорник за тоа што подразбира под продажба на националните интереси? Кому се продаваат тие национални интереси и што е тоа што се градело со мака во изминатите години? Груевизмот кој ја изолираше Македонија од демократскиот свет!? Заев требаше да ги обезбеди одговорите на овие прашања во интерес на целата јавност. Ваквиот став на Мицкоски е во целосна корелација со радикалните позиции на Груевски во однос на стратешките партери на Македонија во меѓународната заедница кои според неговото толкување се непријатели на Македонија. И тука повторно се отвора дилемата дали воопшто имаме консензус во Македонија по прашање на тоа што се нашите национални интереси и дали развојот на добрите односи со ЕУ и САД се наша стратешка определба како можност да ги реализираме токму националните интереси каква што е демократизација на општеството и неговото интегрирање во евроатлантските структури.

Во секој случај Мицкоски со ставовите кои ги дисквалификуваат базичните демократски принципи како и стратешките надворешно политички интереси на Македонија ги потврди сите сомнежи дека во ВМРО ДПМНЕ нема никаква активност за хемиско чистење на таа партија од флеките на авторитаризмот и ирационалниот национализам кои ги направи Груевски за време на неговото владеење. Без чистење на тие флеки  оваа партија не може да го добие легитимитетот на релевантна опозиција која пак со оглед на инертната, неинвентивна и неснаодлива  влада на СДСМ  и е толку потребна на Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.