Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На учениците без можност да користат е-учебници, материјалите ќе им ги печати училиштето

0
By Нова ТВ on April 19, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 19, 2021 14:11

По секој предмет повеќе нема да постои само еден извор на информации, туку ќе се користат најмногу до три учебници, а дигитализацијата ќе обезбеди лесна достапност на материјалите за учење, кои стануваат интерактивни и збогатени со мултимедијални содржини, соопшти Министерството за образование и наука во врска со новиот Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали кој, како што наведува, е изготвен врз основа на анализи на позитивни практики од повеќе развиени земји во Европа кои ја надминале класичната употреба на учебниците.

Можноста за користење повеќе од еден учебник по секој предмет, според МОН, ќе ги насочи учениците кон истражување и анализа пред да донесат заклучоци и да меморираат знаења.

Со дигитализацијата, пак, учениците полесно ќе пристапуват до материјалите за учење, кои стануваат интерактивни и збогатени со мултимедијални содржини – филмови, анимации, видеоприкази, галерија на слики и задачи, а поедноставно ќе биде и ажурирањето со најнови податоци и факти пред почетокот на секоја учебна година.

– Но, имајќи ја предвид автономијата на наставниците во изборот на материјали и средства за настава, тие може да отпечатат дел од материјалите за потребите на часот, односно училиштата ќе можат целосно да го отпечатат учебникот за секој ученик кој поради каква било причина нема можност да ги користи електронските учебници. Така што, материјалите за учење и понатаму остануваат бесплатни за сите ученици, вклучително и за учениците со оштетен вид за кои државата ќе печати учебници на Брајово писмо, покрај достапноста на секој учебник во аудиоформат, информира МОН.

Министерството посочува дека инклузивноста е основен принципи врз кои е создадено новото законско решение кое, меѓу другото, ќе обезбеди и учебници без грешки, нелогичности и стереотипи, како и содржина која ќе биде напишана на авторски јазик разбирлив за учениците и соодветната возраст на учениците.

– МОН и Владата имаат должност целосно да ги исполнат приоритетите дефинирани во Стратегијата за образование 2018-2025 година, со што националниот образовен системќе направи крупен исчекор кон интегрирањето во европскиот образовен простор. Северна Македонија нема друга алтернатива освен да вложува во квалитетно образование на своите граѓани, а за тоа неопходни се суштински промени од повеќе аспекти, меѓу кои и промени врзани за обезбедување на изворите на знаење и начинот на пренесување тие знаења кон учениците, наведува МОН.

Со новиот закон е предвидено печатени учебници да се користат во наставата до трето одделение, а повозрасните основци и средношколците да учат од електронски учебници.

Содржината на Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование Владата ја утврди на седница во вторникот.

Владината прес-служба тогаш соопшти дека со Законот се очекува да се подобри квалитетот на учебниците во основното и средното образование, зашто се обезбедува транспарентност на постапките за набавка на учебници, се поставуваат механизми за контрола на содржината со цел да се спречи влез на дискриминирачки содржини. Се обезбедува дигитализација и пристап на учебници за лицата со оштетен вид.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.