Published: Thursday, October 17, 2013 17:49
СДСМ обелодени дека во владината лотарија за вработување во Македонски Шуми, наместо социјални случаи и самохрани родители, во Битола, награда добиле блиски роднини на општински функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
-Валентина Шаклевска, сопруга на актуелниот советник и портпарол од ВМРО-ДМПНЕ, Благој Шаклевски а среќа при извлекувањето имала и Боринка, сестра на актуелниот советник од ВМРО-ДМПНЕ, некогашен градоначалник и некогашен претседател на партијата Златко Милошевски.
СДСМ бара Груевски јавно да ја истакне листата на лицата кои конкурираа за вработување, за да можат сите граѓани да ја видат местенката и да дознаат како функционира семејното – на ти го – дај ми го на ВМРО ДПМНЕ во Битола.




