Кога ќе биде преигран натпреварот меѓу Шкендија и Тетекс, кој поради националистички скандирања беше прекинат, ќе се знае утре.
Ниту предупредувањата на делегатите, навивачките групи на двата клуба да престанат со навредите на националистичка основа, не помогнаа.
Фудбалерите двапати се враќаа во соблекувалните, на терен одиграа само 20-тина минути по што финалето на купот беше прекинато.
Навивачите на Шкендија „Балистите“ почнале со националистички скандирања, на што возвратиле „Војводите“ на Тетекс.
Тренерот на Шкендија, Артим Шаќири изрази разочарување од ваквиот епилог.
„Финалето не ни почна како што треба, а заврши на скандалозен начин. За жал политиката го порази спортот, нешто кое најмалку го посакувавме сите ние од двата клуба. Ние сега сме во очекување на одлуката кога повторно ќе биде закажан натпреварот, ќе се обидеме дополнително да се подготвиме за истиот и секако да стигнеме до посакуваниот трофеј“, изјави по прекинатиот меч, тренерот на Тетекс, Горазд Михајлов.
(фотографијата е преземена од Нова Македонија)