Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Национална комисија за дијабетес: Нема недостиг на инсулини во државата

0
By Нова ТВ on March 13, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 13, 2016 13:32

Количините на различните видови инсулин што се користат за третман на дијабетес во Македонија, се во рамките на потребите и согласно препишувањата на специјалистите врз основа на Законот за здравствена заштита и Националното упатство за третман на дијабетес мелитус, кое, пак, е во целосна согласност со меѓународните упатства, одговараат од Националната комисија за дијабетес откако во јавноста повторно се актуелизира проблемот со недостиг на одредени видови инсулини.

„Наодите изнесени во изјавите на лицето што се претставува како претставник на пациентите се целосно неточни, состојбата со инсулинските количини постојано се следи и доколку има оправдано барање за нова испорака веднаш се реагира.

Сите инсулини што се користат во Македонија се од врвните светски производители и истите се во употреба во најразвиените здравствени системи во светот. Тврдењата дека инсулините што се користат во Македонија се несоодветни и неквалитетни е целосна и исклучително опасна невистина, имајќи ги во предвид големиот број лица со дијабетес тип 2 кои користат хумана инсулинска терапија и се одлично регулирани“, велат од Националната ко мисија за дијабетес.

Од таму потенцираат дека е обезбедена најсовремена инсулинска терапија за секој пациент што има потреба од соодветна комбиниција и не постои универзален инсулин што за сите би бил одличен, независно од цената на чинење. Целокупната инсулинска терапија е целосно бесплатна за сите граѓани со дијабетес, што е реткост и за најбогатите здравствени системи во Европа и светот.

„Прилагодувањето на инсулинската терапија е индивидуално и се врши за постигнување соодветна гликемиска контрола, при што кај различните пациенти се постигнува со различни инсулински третмани и дози, земајќи ги во предвид и останатите препораки до пациентите, како што се правилната исхрана, соодветната физичка активност, третманот на напоредните заболувања, итн. Постојат голем број пациенти со дијабетес тип 2 кои се лошо регулирани, а се на терапија со инсулински аналози (до 4 пати поскапи од хуманите инсулини) и кај нив е неопходно да се направи обид за постигнување добра гликемиска контрола со поинаков инсулин во интерес на здравјето на пациентите. Исто така, постојат и голем број пациенти со дијабетес тип 2 кои се на хумана инсулинска терапија и се одлично регулирани. Во дијабетесот поскапата терапија во многу случаи не значи и автоматски подобра гликемиска контрола, да беше така ќе беше многу лесно, ќе ги ставевме сите на најскапи инсулини, немаше да мора да доаѓаат на чести контроли, немаше да мораат да внимаваат на исхраната, физичката активност, другите заболувања. Но, за жал, секој што се разбира од медицина и дијабетес, знае дека не е така“, велат НКД.

Главната цел во третманот на дијабетесот кај секој пациент е постигнувањето добра гликемиска контрола. Грижата за дијабетесот на сите граѓани во Македонија и добрата гликемиска контрола остануваат највисоки приоритети, порачуваат од Националната комисија за дијабетес.

Од друга стана пациентите реагираат поради тоа што залихите на одредени типови на инсулин за март веќе се завршени.
Во Битола, во единствената инсулинска аптека од пред три дена стои известување дека инсулин од Новомиск завршил за овој месец.

Пациентите велат дека не само што нема инсулин за месец март, туку овој неопходен лек го немало и претходниот месец. Инсулинот Хималог исто така го немало цел месец.

„Секој месец има недостаток и на други инсулини , и тоа најмалку по 2-3 недели, така што пациентите се приморани за да преживеат да се префрлаат на други типови на инсулини , што резултира со тотален дисбаланс на гликемијата . Има и мали дечиња од 3 и 5 години , за кои не може навремено да обезбеди соодветна инсулинска терапија .Ова е нечовечко, се е директно загрозување на правото на пациентот , на неговото основно право на живот . Ова е најтешкиот вид на дискриминација према нас , пациентите, кои и онака сме дискриминирани со оваа тешка болест . Јас го уверувам министерот дека ваквите бирократски рестрикции не се во склад со Милениумските цели на Обединетите нации , ниту во склад со Декларацијата на СЗО(Светската Здравствена Организација) за здравјето на светсктата популација , ниту пак со Европската стратегија на СЗО , ниту со Европската стратегија за здравје и развој на децата и младите на СЗО .Овие заштеди од буџетот што ги прави министерот , со камата ќе стигнат на наплата тогаш кога за неколку години на ризичните групи на дијабетичари ќе им започнат компликациите како резултат на несредената гликемија , што нема само да ја носат личната трагедија тие самите , туку сето ова ќе има пошироки општествени и социјални импликации“, објави на својот Фејсбук профил Ели Секуловска.

Од двете здруженија „Баланс МК“ и „БУВ“ велат дека инсулинската криза трае веќе две години, а пациентите постојано с е жалат бидејќи мора да им се менува инсулинот во ситуиација кога Министерството штеди на инсулини. Не само во Битола инсулини нема и во другите градови на државата.

„Веќе две години се штеди на сметка на луѓето со дијабетес. Постојано с е кратат нарачките на аналогни инсулини за сметка на хуманите кои се поефтини и се постара генерација. Луѓето се приморани да се префралаат од еден на друг инсулин што резултира со многу негативни ефекти“, изјави за НОВА Цвете Серафимовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
ФОКУС
April 12, 2026

Орбан му честиташе на Петер Маѓар: Тиса со двотретинско мнозинство победи на изборите во Унгарија

ВЕСТИ April 12, 2026

Унгарскиот премиер Виктор Орбан телефонски му ја честиташе изборната победа на лидерот на Тиса, Петер…

Унгарија: Орбан во политичка историја

April 12, 2026

Будумпешта: Опозицијата во надежна попбеда на потсизборен митинг

April 12, 2026

Американските и иранските претставници го напуштија Исламабад

April 12, 2026
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.