Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Над 1.800 нови случаи на Ковид-19, засега без дополнителни мерки

0
By Mirjana on January 14, 2022 ПОЛИТИКА
Светската здравствена организација редовно е ангажирана околу побивањето на митовите поради кои луѓето не веруваат во постоењето на корона-19. „Економист“ во март 2020 година покажа дека 13% од Американците сметаат дека кризата со ковид-19 е измама, а големи 49% сметаат дека епидемијата може да биде вештачка.
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во земјава вчера беа регистрирани нови 1.865 случаи на Ковид-19. Од нив, 207 се реинфекции. Бројот на активни случаи изнесува 14.545.

Од новодијагностицираните, во Скопје се 871, а потоа следуваат Битола со 177 и Прилеп со 119. Во останатите градови, бројот на нови случаи е двоцифрен или едноцифрен. Според податоците од вчерашниот билтен, оздравени се 784 пациенти, а починати се осум лица од кои најмладиот на 45 години.

Досега кај нас се направени вкупно 1.686.063 тестирања на Ковид-19, а вкупниот број инфицирани од почетокот на епидемијата изнесува 239.920.

Комисијата за заразни болести засега нема предлози за нови мерки, ниту за скратување на времето на изолација на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2 кои се асимптоматски случаи. За овој предлог, членовите ќе донесат одлука по дополнителна обемна дискусија која ќе следи во наредните денови.

Се разгледува и евентуалната можност за промена на почетокот на второто полугодие од учебната година, но одлуката по овој предлог ќе биде донесена непосредно пред почетокот на второто полугодие, бидејќи клучно ќе биде каква е епидемилошката состојба во државата.

Бројот на новозаболени од Ковид-19 расте и во земјите од регионот. Така, во вчерашниот ковид-билтен во Србија од тестирани 33.163 лица позитивни на коронавирусот биле 13.753. Ова е најголем број на новозаразени во Србија на дневна основа од почетокот на пандемијата.

Албанскиот национален комитет на експерти за справување со пандемијата на вчерашната седница оцени дека ситуацијата со пандемијата достигнува кулминација, во просек со по над 1.700 нови случаи на дневно ниво и одлучи да ја продолжи важноста на досегашните антиковид мерки. Одлучено е да не се воведуваат нови дополнителни мерки, туку оставаат на граѓаните строго да ги почитуваат веќе постојните антиковид мерки за кои, како што велат, недоволно се почитуваат.

Во Грција, пак, невакцинираните лица над 60-годишна возраст имаат уште неколку дена рок да ја примат првата доза за да ја избегнат казната од 100 евра месечно, со оглед на тоа што од 16 јануари стапува во сила одлуката за задолжителна вакцинација за конкретната старосна група.

И во Европа расте бројот на новозаболени. Во Франција регистрирани се речиси 370.000 новозаразени со коронавирус, во време кога Владата се обидува во следните неколку дена да ја усвои пропусницата за вакцинација, со цел да ги охрабри Французите што е можно повеќе да одат на прва вакцина и колку што е можно повеќе да ја забави циркулацијата на епидемијата. 

Белгискиот Федерален парламент најави дека се подготвува да почне сериозна дебата за воведување задолжителна вакцинација против Ковид-19, во контекст на „експлозијата“ на нови случаи поради омикрон варијантата.  Пратениците од Комисијата за здравство во наредните денови ќе сослушаат низа експерти и релевантни чинители, вклучително и претставници на граѓанскиот сектор. Не е познат точниот датум на почетокот на оваа дебата, но таа се очекува во текот на идната недела

14.01.2022 биланс Ковид
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.