Податоците од Националниот систем за електронски евиденции во здравството – МојТермин, покажуваат дека од почетокот на 2015 година, односно во изминатите два месеци, креирани се вкупно 1.313.000 упати, соопштува Министерството за здравство.
Околу 670.000 упати, односно повеќе од половина од вкупниот број креирани упати биле специјалистички, додека останатите биле: 301.000 лабораториски упати, 120.000 упати за радиодијагностика, 115.000 интерспецијалистички упати, како и упати за микробиологија, болнички упати, упати за операција, конзилијарно мислење, нуклеарна медицина, и хемодијализа.
Според податоците од системот МојТермин, најголем број пациенти од почетокот на годинава биле упатени кон следните специјалности: интерна медицина, офталмологија и микробиологија.




