Над 200 деца и 54 возрасни луѓе се јавиле во болницата „Свети Лука“во Смедерево со симптоми на труење со храна, јавува Б92. Меѓу пациентите има и две трудници.
Голема е веројатноста затруените да конзумирале храна од исто место. Шеесетмина од пациентите биле задржани во болница на набљудување, но засега причините за ваквата појава се непознати.
Се претпоставува дека тие јаделе брза храна од штандовите на Смедеревската тврдина.
Директорот на болницата Горан Куљанин излави дека пациентите кои се примени вчера и во текот на ноќта имале симптоми на труење со храна – гадење, повраќање, дијареа и дехидрација.
Пациентите главно конзумира плескавици и пица на различни места во градот.
Според него, пациентите побарале медицинска помош по истекот на 12 часа по конзумирањето на храна.
Шеф на Одделот за децата од болницата „Свети Лука“ Славица Анѓелковиќ рече дека 13 деца се задржани за опсервација и лекување, од кои 11 во одделението на децата и две на инфективно.