Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Над 30 илјади картички за патарина се досега поделени на српски туристи

0
By НОВА ТВ on July 14, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според последните информации повеќе од 30 илјади картички им се поделени на српските државјани кои транзитираат низ земјава за да можат бесплатно да ги поминат патарините низ овој коридор, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој нагласи дека тоа е добар гест на пријателство и соработка и потсети дека тоа беше владина одлука како знак на благодарност за она што го направи Владата на Србија за вакцинација на македонските граѓани.

На новинарско прашање во однос на системот One stop shop, Спасовски посочи дека според најавите овој систем ќе се унапредува, бидејќи договорот предвидува контрола и на македонската и на српската полиција.

– Се прават анализи за да може да се воспостави правна рамка за да има само една контрола на излез и на влез. Во оваа прва фаза има подобрување, но не е она што можеме до крај да го очекуваме, затоа сме со постојана комуникација со МВР на Србија за да можеме овие би рекол негативности што се појавуваат да ги отстраниме и да имаме подобар проток на лица и на стоки генерално, изјави министерот Спасовски, кој денеска заедно со претседателката на РСБСП, Гордана Кожуваровска го посетија граничниот премин Табановце во рамки на кампањата ,,Вози одморен“.

Спасовски информира дека за ваков проект се разговара и со другите држави од опкружувањето, со цел, како што нагласи, да можеме во рамки на овој регион да имаме подобро движење.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025
ФОКУС

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

ВЕСТИ October 25, 2025

На кружниот тек на улицата „Стево Теодосиевски“, мајка на починато момче, имаше петнаесетминутно обраќање, во…

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025
ТИКЕР

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.