Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Над 80 убиени демонстранти во Бурма од страна на војската

0
By НОВА ТВ on April 13, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Продолжуваат протестите против војската на Бурма и повторно имаат крвави резултати. Минатиот петок војската на Бурма уби над 80 демонстранти во градот Баго. Иако масакрот се случил во петокот, веста дошла на виделина дури после еден ден бидејќи многу жители биле принудени да бегаат во околните села.

Бурмиската војска изнесувеше непоткрепени тврдења за измама околу резултатите на изборите кои се одржаа во ноември, 2020. Во овие изборите партијата Националната Лига за Демократија предводена од Аунг Сан Су Чи освои преку 80% од местата во парламентот на Бурма.

Аунг Сан Су Чи е долго-годишна активистка која стана де факто лидерот на Бурма кога нејзината партија победи на изборите во 2015та година. Таа не можеше да стане претседател на Бурма бидејќи има деца кои се странски државјани – нешто што се забрането од страна на уставот на Бурма – и затоа пред државниот удар таа ја имаше титулата државен советник, но беше де факто лидер. Су Чи се бореше со години против владеењето на војската во Мјанмар (името на државата Бурма кое го користи војската) кое е присутно речиси од осамостојувањето на Бурма во 1948. Од 1885та до 1948та година Бурма била колонија на Велика Британија. Су Чи беше во домашен притвор скоро 15 години заради нејзиниот активизам и дури доби Нобелова награда за мир во 1991та година додека сѐ уште беше во домашен притвор.

Но овој имиџ како борец за човекови права се промени кога Су Чи не ја спречи бурмиската војска која вршеше геноцид врз малцинството на рохинга муслимани во Бурма. Во 2017тата година се смета дека бурмиската војска убила околу 10 000 рохинга муслимани и дека војската принудила повеќе од 700 000 луѓе да ја напуштат државата како бегалци. Геноцидот против рохинга малцинството во Бурма беше признаен од Меѓународниот суд за правда (тело на Обединетите Нации), но Аунг Сан Су Чи ја одби пресудата, велејќи дека тоа се само „непоткрепени наративи“ од групи за човекови права и истражувачи на ООН.

На 1ви фебруари, 2021 бурмиската војска го започна државенот удар против демократски избранaта влада предводена од Су Чи. Војската ја уапси Аунг Сан Су Чи, претседателот Вин Мјинт и други високо рангирани од Националната Лига за Демократија. По овие апсења, војската декларираше вонредна состојба која сѐ уште трае.

Бурмискиот народ скоро веднаш реагираше: веќе на 2ри фебруари луѓе правеа врева во знак на протест преку удирање на тенџериња и тави од нивните домови. Овој непосреден револт се претвори во цело движење против бурмиската војска кое користеше различни техники на протест како престанување со работа на болниците, граѓанска непослушност и организирани протести. За да ги спречи протестите, бурмиската војска ги блокираше Твитер и Инстаграм на 6ти фебруари (кои подоцна беа одблокирани) и започна со спроведување на полициски час на 8ми фебруари. Но како што растеше движењето против војската и државниот удар така стануваа сѐ побрутални методите на бурмиската војска. Но, про-демократското движење во Бурма продолжи да расте; некои од демонстрациите дури имаа стотици илјади демонстранти. Некои го нарекуваат оваа движење, кое сѐ уште трае, „пролетната револуција“ на Бурма.

Од 1ви фебруари до сега, бурмиската војска има убиено над 600 луѓе. Је Хтут, еден од организаторите на протестите, кажа: „Ова е како геноцид. Тие пукаат во секоја сенка“.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.