Mилиони луѓе во Индија и во Бангладеш zа помалку од 36 часа ќе бидат на пат на најсилниот циклонот што некогаш бил забележан во Бенгалски Залив. Силни ветрови и обилни дождови се закануваат на регионот што се бори со пандемијата од ковид-19.
Суперциклонот „Амфан“ синоќа е забележан во Бенгалски Залив, а ветерот достигна брзина и до 270 километри на час.
„Амфан“ се предвидува да ја погоди индиско-бангладешката граница в среда навечер, во близина на индискиот град Калкута во кој живеат над 14 милиони луѓе. Прогнозите се дека ќе донесе обилни дождови и во најголемиот бегалски камп во светот во Кокс Базар, каде се сместени речиси еден милион Рохинџи кои побегнаа од соседен Мјанмар.