Рано изутринава Москва осамна во шок од глетката на една од највисоките згради во руската престолнина.
Непознати демонстранти рано изутрината на врвот 176 метарска зграда го развиориле украинското знаме а советската ѕвезда петокрака ја обоиле во сино жолтата боја.
Настанот е пренсен на сите руски телевизии што предизвика шок во руската јавност која е непријателски расположена кон Украина по актуелните случувања во таа земја.
Четири лица со алпинистичка опрема биле уапсени и одведени од полицијата на испитување.
Двајца мажи и две жени негираат дека го поставиле украинското знаме и дека ја обоиле ѕвездата, а полицијата објавила дека се соочени со обвинение за вандализам и можна казна до три години затвор.
Зградата Котелническаја е една од низата седум московски облакодери, претставници на сталинистичката архитектура кои популарно се познати како „Седумте сестри“.