Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Надал крева раце:Нема да се борам за прво место, сакам да бидам среќен

0
By Нова ТВ on February 20, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерската позиција на АТП листата не е приоритет за Рафаел Надал во 2018 година. Шпанецот, кој важи за еден од најголемите борци на терен и еден од најдобрите играчи во историјата на тенисот, порача дека нема да се бори да биде прв светски рекет на крај на година. Но, истовремено, додаде дека сака да биде среќен и да ужива во тоа што го работи, па ако тоа биде доволно за врвот тогаш и задоволството ќе биде огромно.

„Чувството дека сум мотивиран и со натпреварувачка желба за освојување на турнири ме прави среќен. Нема да се борам за првото место. Ќе се борам да одиграм сезона најдобро што можам и знам, а ако тоа значи да се вратам на врвот тогаш добро. Се борам да бидам среќен на секој турнир на кој учествувам и тоа е мојата основна цел. На крај на сезоната ќе видам до каде сум“, истакна Надал која се подготвува за настап во Акапулко каде ќе брани бодови од ланското финале во кое загуби од Сем Квери.

Роџер Федерер (36) лани имаше фантастична сезона, а во ист ритам продолжи и во оваа. Швајцарскиот ас успеа до првото место на АТП листата преку турнирот во Ротердам за што Надал вели

„Не мораше да се врати на првото место за да покаже кој е во тенисот. Тоа што го направи е многу тешко и јас можам само да му честитам. Ранг листата не лаже. Беше подобар од мене во изминатите 12 месеца. Со години бев на едно од првите две места на АТП листата, а да се биде број еден, три или пет сега нема разлика“.

Надал ја заврши 2017 година на првото место на АТП ранг листата на кое мина вкупно 167 недели во кариерата. Неговата богата колекција ја сочинуваат 16 гренслем трофеи (10 од Ролан Гарос, три од Ју-Ес опен, два од Вимблдон и една од Австралија опен), 30 од Мастерс серијата 1.000, потоа 19 од АТП серијата 500, олимписко злато од Игрите во Пекинг во 2008 година и четири со националниот тим на Шпанија во Дејвис купот (2004 година, 2008 година, 2009 година и 2011 година).

АТП листа Рафаел надал тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.