Министерството за транспорт и врски сака да трга двојазични табли на патишатата, но Македонија пат тврди дека нема да го стори тоа, а истото го вели и заменик министерот за транспорт и врски Џелал Бајрами, пренесува телевизијата Алсат.
Инспекторатот на Министерството за транспорт и врски со писмена наредба наредил да се отстранат сите табли за патна сигнализација кои се на македонски, албански и на англиски јазик, јавува Алсат. Наредбата на инспекторатат се однесува на таблите кои ја покажуваат за местоположбата на езерото Треска, кањонот Матка, Попова Шапка, Охрид и Националниот парк Маврово, а кои се поставени долж автопатот Скопје – Тетово.
Директорот на Македонија пат, Гајур Кадриу е категоричен дека таблите нема да се отстранат.
„Секој знак кој го поставува ЈП Македонија пат и ЈП Државни патишта е согласно законите. Сите табли поставени во Велес, Тетово, Гостивар и Прилеп треба да се третираат исто. Печатите на инспекторите не се толку силни бидејќи после 2001 година се сменија многу нешта. Не сме во 1983 година, сега сме во 2013, има позитивни закони за употреба на јазиците и треба да се знае дека Македонија пат нема да преземе никакви делумни дејствија, во овој случај, да ги отстрани само тројазичните табли“, вели Кадриу за Алсат.
Со него се согласува и заменик-министерот за транспорт и врски Џелал Бајрами.
„Ако некому му пречи употребата на Албанскиот јазик на тие табли, тогаш целосно грешат и тие табли нема да се отстранат. Ако не е запазена процедурата, ќе изнајдеме можности да се почитува истата, односно ние преземаме обврска ЈП Македонија пат да ја обжали ова одлука на Инспекторатот и таблите да не се отстрануваат. Ние ќе направиме сѐ тие да не се отстранат“, изјави Џелал Бајрами за телевизијата Алсат.
Државниот инспекторат за транспорт, таблите поставени од Македонија пат долж автопатот Скопје – Тетово ги прогласи за незаконски и упати наредба до Македонија пат таблите да бидат отстранети во рок од пет дена.




