Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Надлежните да го следат откупот на винско грозје и да нема манипулации, апелира Националната федерација на фармери

0
By Marija Todorovska on August 7, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 7, 2024 13:41

Националната федерација на фармери апелира до надлежните институции, до Земјоделскиот инспекторат, да го следат процесот на откуп и да се осигураат дека не се вршат манипулации со шеќерните единици и воедно, контролата да се врши подеднакво и на винариите и на индивидуалните трговци за откуп на винско грозје, како и да се спречуваат дивите откупувачи да откупуваат грозје, кои на манипулативен начин ќе сакаат да откупуваат винско грозје по пониска цена, се нагласува во денешното соопштение.

– Националната федерација на фармери, во изминативе две години, активно лобираше за донесување на измени во Законот за вино. Нашите препораки беа делумно прифатени, што резултираше со усвојување на нашата заложба за пресметка на производната цена на винските сорти „смедеревка“ и „вранец“ од страна на научна институција. Со ова, најниската откупна цена од оваа година ќе биде 25 отсто повисока од производната цена, сметаме дека оваа пракса треба да продолжи. Измените на Законот за вино беа усвоени на почетокот на 2024 година, Правилникот за пресметка за производната цена на грозје е донесен во мај 2024, а производната цена е објавена на 6.08.2024. Сепак, сметаме дека оваа информација треба да биде објавена порано, најкасно до месец јуни, истакнуваат од Националната федерација на фармери.

Објавената информација од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за пресметаната производна цена, во која се вклучените и 25 отсто, изнесува 18,3 денари за „смедеревка“ и 20,8 денари за „вранец“, како што се додава, е изработена од Институтот за земјоделство според дефинирана методологија. Во соопштението се додава дека се смета оти од страна на МЗШВ, самата пресметка треба да биде навремено јавно објавена, за да се расчистат недоразбирањата и да се избегне забуна во јавноста.

– Националната федерација на фармери сака да потенцира дека ваквиот пристап кон решавање на долгогодишните проблеми во секторот лозарство, ги поставува лозарите во подобра позиција, намалувајќи ги манипулациите од страна на откупувачите. Oвој системски пристап резултираше со зголемување на откупните цени на „смедеревка“ и „вранец“, оваа година. Минатата година, таа изнесуваше 13-12 денари за килограм предадена „смедеревка“ и 15-17 денари за килограм предаден „вранец“, а изминатите години беше уште пониска, така што, оваа година, цената за „смедеревка“ изнесува 18,3 денари за килограм и 20,8 денари за килограм за „вранец“, доколку шеќерните единици изнесуваат 17 за „смедеревка“ и 19 за „вранец“, кои се најниски шеќерни единици за откуп на грозјето, пишува во соопштението.

Винарите и откупувачите треба да ги почитуваат договорените откупни цени, се подвлекува, односно да ги почитуваат сегашните договорени откупни минимални цени и да ги корегираат своите ценовници каде таа цена е сега пониска, а воедно да го почитуваат Законот за вино за секоја повисока шеќерна единица, да се плаќа еден денар плус.

– Бараме од винариите и откупувачите да го исплаќаат износот за откупено винско грозје во целост во рок од седум дена и да не ја намалуваат откупната цена за 8 проценти, бидејќи ова не одговара на ниту едни пазарни, демократски и европски правила, принципи и услови со што се регулира откупот, туку на ваков начин, само се овозможува намалување на цената на откуп на винско грозје и се демотивираат лозарите да произведуваат грозје и ги напуштаат лозовите насади. Треба конечно винариите да сфатат дека треба да се воспостават партнерски односи со лозарите преку договорно производство, кое ќе се склучува на почетокот на производната година на грозје, се наведува во соопштението.

Националната федерација на фармери, се додава, со години бара измена на членот 20 од Законот за вино, така што исплатата за откупеното грозје за сите сорти да биде извршено во рок од седум дена без да биде намалена откупната цена за 8 отсто или најдоцна до декември во тековната година, а не „како што е наведено сега во Законот, исплатата на износот за откупеното винско грозје на секој производител на винско грозје, винаријата или трговецот на винско грозје да ја изврши на три рати, од кои првата рата во висина од најмалку 20 проценти најдоцна до 15 декември во годината кога е извршен откупот, втората рата во висина од најмалку 40 отсто најдоцна до 15 февруари наредната година од годината кога е извршен откупот и третата рата со останатиот износ, најдоцна до 30 април наредната година од годината кога е извршен откупот“.

– Оваа сезона беше посебно тешка за лозарите поради климатските промени, големата суша и проблемите со системите за наводнување. Бараме итна реконструкција на овие системи за да се зачува грозјето, децидни се од Националната федерација на фармери.

Оттаму истакнуваат дека ќе го следат тековниот откуп и ќе излезат со конкретен извештај и препораки во септември, но, истовремено, како и досега, ќе даваат предлози и насоки за измени на закони, стратегии и политики, во насока на подобрување на состојбата во лозарството и земјоделството.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.