Published: Tuesday, November 5, 2013 11:55
Љубица Каревска, надрилекарката од Кавадарци е осудена на затворска казна во траење од 11 месеци и 250 евра парична казна.
Судот ја прогласи за виновна за трите кривични дела за кои беше обвинета, измама, фалсификување на исправа и надрилекарство.
Во април годинава полицијата поднесе кривична пријава против дваесет и седумгодишната девојка, која шест месеци работела во Брзата помош во Кавадарци со фасификувано уверение за завршен медицински факултет.
Тогаш семејството на Митко Влајков, кој почина на 16.03.2013, регираше дека токму таа инрвенирала кога му се слошило на нивниот 18 –годишен син во моментот кога сакал да се вклучи во игра на фудбалскиот натпревар.




