Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Награда за животно дело за Младенов, на Кежаровски за истражувачко новинарство

0
By Нова ТВ on February 20, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 20, 2014 23:17

Награда за животно дело постхумно му беше доделена на Никола Младенов уредникот на Фокус кој загина трагично, а наградата за истражувачко новинарство ја доби Томислав Кежаровски на вечерашната прослава по повод 60 години од постоењето на ЗНМ.

– Младенов иако не напушти прерано е светла точка во македонското новинарство. Никола во себе ги сплотуваше умот и храброста. Младенов беше најслободарскиот дух во македонското новинарство кој им пркосеше на сите власти. Маркантна фигура која никој не може да ја заобиколи кога ќе се пишува историјата на македонското новинарство, рече престедателот на ЗНМ Насер Селмани.

Во своето обраќање, неговата сопруга Биљана Младенова, рече дека жали што Никола не е тука да ја земе сам наградата, дека таа се гордее со неговото дело, а Фокус секогаш бил и ќе остане со високи новинарски стандарди на критичен медиум кон сите влади.

Наградата за истражувачко новинарство на новинарот Кежаровски кој се наоѓа во домашен притвор, ја прими неговата сопруга Марина при што го прочита писмото од Томислав во кое тој се заблагодарува на целата македонска јавност и на новинарите за подршката која му ја даваат. Особена благодарност изрази до неговиот уредник Зоран Димитровски кој доби отказ од работа, поради случувањата. Присутните новинари со громогласен аплауз го поздравија Димитровски.

– Томислав Кежаровки пред да биде уапсен ја испитуваше смртта на Никола Младенов. Кежаровски како истражувачки новинар се истакна во пишувањето теми за корупција, обвинителството и полицијата. Тој покажа дека во секое демократско општество и овие институции подлежат на контрола и критика. Со оваа награда сакаме да покажеме дека не му е местото во затвор, туку да го добие заслуженото место и признание, не само од новинарите туку од целото општество, зашто застана во одбраната на јавниот интерес, застанувајќи во одбрана од злоупотреба на институтот заштитен сведок, рече Селмани.

Селмани во името на ЗНМ и се заблагодари на Франција за досегашната подршка.На новинарите им се обрати и француската амбасадорка која нагласи дека Франција секогаш ќе дава подршка за ЗНМ и новинарите во Македонија и за слободата на говорот.

.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.