Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наградени најдобрите студенти на УКИМ за учебната 2022/2023 година

0
By Zoran Ivanov on May 20, 2024 ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 20, 2024 19:18

Во аулата на Ректоратот на УКИМ, денеска беа доделени награди на најдобро дипломирани студенти за учебната 2022/2023 година, а во рамки на свеченостите по повод патрониот ден и одбележување 75 години од постоење на Универзитетот. На редовни студенти од завршниот семестар во прв циклус студии кои покажале особени резултати во студиите, им беше врачена наградата „26 јули“ од Фондацијата „Франк Манинг“ од Велика Британија.

Наградите ги врачи ректорката на УКИМ, професор доктор Биљана Ангелова, а од Александар Стамболиев беше доделена наградата од Фондацијата „Стамболиев“.

Најдобриот студент на Медицинскиот факултет, Леонид Рене Томас Караџинов во изјава за МИА рече дека планот му е да остане во нашата држава.

Одлуката ја темелам врз тоа што генерално целото семејство и поддршка ми се тука, не гледам причина да одам во странство. Во моментов цврсто сум убеден дека тука ќе ги барам моите почетоци за кариерата. Понатаму, ништо не е исклучено за во иднина. Но, се надевам дека тука ќе останам и понатаму за да придонесувам во здравството и во развој на целата здравствена грижа, изјави тој за МИА.

Една од наградените, Ана Софеска пред присутните рече дека времето што го поминале овде ги опремило со знаење, вештини и со самодоверба за да дадат значаен придонес во нашата татковина.

Им честитам на моите колеги и знам дека иднината ќе биде светла, затоа што секој од нас ќе продолжи силно да блеска во своите полиња, кажа Софеска, која се обрати во име на сите добитници.

Награда за најдобро дипломиран студент добија Ангела Мешкова, Матеа Ташковска, Дејан Радуловски, Деспина Буцевска, Руфија Идризовска, Ана Софеска, Леонид Рене Томас Караџинов, Благоја Атанасоски, Виктор Мегленовски, Кристина Стоилковска, Габриела Козарова, Теодора Мазнева, Виктор Игнов, Марко Милчевски, Ања Митиќ, Марија Митевска, Ања Филипова, Теа Костадинова, Акса Зулбеари, Егзона Муртезани, Мергим Фера, Јана Панчевска, Ева Зовиќ, Иван Станишковски и Дамјан Наумовски.

Добитници на наградата „26 јули“ се Давид Стојаноски, Дејан Радуловски, Ана Софеска, Габриела Козарова, Кристина Стоилковска, Ања Филипова и Ева Зовиќ.

Наградата од Фондацијата „Стамболиев“ му припадна на Виктор Игнов.

Покрај наградените и членови на нивните семејства, на свеченоста присуствуваа и проректорите на Универзитетот, генералниот секретар, претседателот на Универзитетскиот сенат, деканите на факултетите.

На настанот беше кажано дека Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и понатаму ќе биде отворен за сите идни достигнувања на студентите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.