Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Најдобри земји да се биде дете“ се Холандија и Данска

0
By Marija Todorovska on May 14, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Freepik
Фото: Freepik
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Холандија и Данска се најдобрите две места за да се биде дете, земајќи ја предвид менталната благосостојба, физичкото здравје и вештините, покажа ново истражување објавено од детската организација на ООН, УНИЦЕФ денеска.

Франција го зазеде третото место, а по неа се Португалија и Ирска, според извештајот, во којшто се споредуваат податоците од 43 држави од Организација за економска соработка и развој (ОЕЦД) и од Европската Унија (ЕУ). Извештајот покажа и дека многу земји претрпеле остар пад на академските вештини на децата, поради затворањето на училиштата од корона-пандемијата. Списокот од топ-10 го дополнуваат Шввајцарија, Шпанија, Хрватска, Италија и Шведска.

Директорот на италијанскиот Истражувачки институт УНИЦЕФ Иноченти, Бо Виктор Њулонд рече дека „децата веќе се бореле на повеќе фронтови“ и пред пандемијата.

Сега, во услови на зголемена економска несигурност, земјите треба да им дадат приоритет на образованието, здравјето и благосостојбата на децата за да ги обезбедат нивните животни изгледи и среќата, како и економската безбедност на нашите општества, изјави Њулонд.

Најдолу на листата се Нов Зеланд, Колумбија, Мексико, Турција и Чиле. Додека пак, Австралија, Белгија, Израел, Норвешка и САД не можеа да бидат целосно и соодветно рангирани.

Во пресрет на пандемијата, податоците поставија загрижувачки репер за благосостојбата на децата, особено за децата од обесправени средини. Степенот на предизвиците со коишто децата се соочуваат значи дека ни е потребен кохерентен, холистички пристап за целото детство, што ќе биде насочен кон нивните потреби во секоја фаза од нивниот живот, рече Њулонд.

Во 43-те земји, околу 8 милиони 15-годишници – околу половина од возрасната група беа оценети како функционално и нумерички неписмени, што значи дека не можат да разберат основен текст. Бројките,, во таа смисла, се најголеми во Бугарија, Колумбија, Костарика, Кипар и Мексико.

Се бележи, за среќа, и постојан пад на смртноста на децата, севкупно намалување на самоубиствата кај адолесцентите и зголемување на стапките на завршување училиште.

Сепак, извештајот покрена загриженост за менталното здравје, со пад на задоволството од животот на децата. Јапонија беше единствената земја којашто забележа поголемо подобрување.
Физичкото здравје на децата, исто така, е влошено, при што бројот на деца со прекумерна тежина и натаму е во нагорна линија.

Данска дете УНИЦЕФ Холандија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.