Кристоф Најдовски, кандидат за градоначелник на Париз на еколошката партија, денеска пред амбасадата на Руската федерација во Париз се бакна јавно со друг маж. Овој негов гест кој го поздравија сите граѓански движења кои се залаагат за правата на ЛГБТ популацијата, Најдовски го направил во знак на протест против хомобофијата која ја застапува рускиот претседател Владимир Путин.
Фотографијата од бакнежот на Најдовски ја објавија ЛГБТ движењата на нивните ФБ страници.