Според презентациите на медиумскиот фестивал во Ровињ, по прашањето каква е состојбата со медиумите и маркетинг индустријата во сите земји на поранешна Југославија, резултатите покажуваат дека Црногорците најмногу сакаат да огласуваат некролози, додека во Македонија најголем огласувач е Владата.
Сашо Пешев од агенцијата „Њу Момент“ го изнел податокот според кој Македонија е рангирана веројатно на уникатно место во светот. Во земјава, всушност, прв огласувач во медиумите со четири милиони евра годишно е Владата, додека во првите десет се наоѓа и најголемата опозициска партија, која троши половина од тој износ. „Македонците се на третото место во светот според времето поминато пред телевизорите (4,15 часа дневно). Од нив повеќе го прават тоа само Американците и Србите“, вели Пешев.
Според Радмила Тадиќ, главна уредничка на црногорски Блиц, помеѓу најголемите огласувачи во Црна Гора се јавуваат граѓаните, кои објавуваат некролози.
„Кај нас се е идилично. Економијата е во пораст, БДП расте и не постои меѓуетничка нетрпеливост, а на медиумите никогаш не им било подобро“, цинично вели Сенад Заимовиќ од сараевската Фабрика, додавајќи дека стратешка цел на БиХ не би требало да биде приклучување во ЕУ, бидејќи кога сите влегуваат, тие би требало да станат оаза и место каде што ќе се легализираат лесните дроги, бидејќи во ЕУ, тоа би било невзоможни. Тој истакна дека бројките во весниците не се мали како во Црна Гора.
Дамир Циглар, директор на агенцијата Имаго, утврдува дека публиката во Хрватска троши 56 часа неделно на различни медиуми и дека е потребно намалување на таквиот тренд. „Ако на тоа додадеме дека Хрватите според последното истражување имаат во просек по 11 љубовници, а во меѓувреме мораме да спиеме и да извршиме уште некои други работи, морам да се запрашам, ни остануваат ли 40 часа за работна неделно“, се шегува Циглар.
За резултатите од Словенија, на фестивалот во Ровињ зборувал и Марјан Новак од магазинот „Маркетинг“, опишувајќи што таму се случува на медиумската сцена. „Агонијата трае веќе неколку години и сите зборуваат како кризата не поминала. Еве сега и рецесијата ќе замине но тоа „сега“ никако да дојде“.
-Во пет години во маркетиншката индустрија, работата ја изгубиле 20 отсто од луѓето, а сите седат и чекаат, заклучува Новак.
Само по презентацијата на Мислав Шиловиќ од PwC кој изнел податоци на глобалното истражување нудела оптимизам, според која рекламната индустрија ќе расте до 2017 година за 24 %, особено на Интернет.
извор: ТПортал




